Поефикасно производство
Индустриски Интернет на Нешта е еден од најважните трендови во индустриската автоматика, и клучен елемент во Индустрија 4.0. Платформите за Индустрија 4.0 ќе го променат производството во фабриките.
Како до поефикасно производство?
Клучот на Индустриски Интернет на Нешта (IIoT) е прибирање, обработка, анализа и пренос на податоци овозможени преку комуникација на сите елементи (на пр.: машини, инструменти, други уреди) од цела фабрика.
Обработката на податоци потенцијално ја подобрува ефикасноста и продуктивноста на Вашата фабрика. Една ефективна алатка за намалување на Вашите оперативни трошоци е опрема за предвидливо одржување.
Инвестирајте во предвидливо одржување
Одржувањето во производство грубо се дели на одржување пред и по настанат дефект.
Одржување по настанат дефект вообичаено асоцира на привремен застој во производство и високи додатни трошоци.
Одржување пред потенцијален дефект вклучува превентивна рутина или времено одржување препорачани од производителот на опрема. Во индустрија, предвидливото одржување кое се базира на тековна состојба на опрема наместо на просечна или очекувана статистика зема сè поголем замав.
Планирајте и распоредете го Вашето производство
Одржување базирано на состојба се изведува според проценка на состојба на деградација на компонента (на пр.: алат, уред, …). Клучна предност на овој тип одржување е адекватно планирање и распоред на корективно одржување (замена, поправка) без застој.
Може да се изведе преку периодична инспекција на машини спроведена од наши сопствени или надворешни изведувачи. Предвидливо одржување може да се изведе и преку Индустриски Интернет на Нешта за следење на Вашите машини во реално време и online акција.
Клучни предности со предвидливо одржување
Стекнете предности со машинско учење
Мрежниот контролер DXM дел од решението користи алгоритми за машинско учење со кои споредува вредности и поставува контролни граници за предупредување со ограничена интеракција со краен корисник. Контролерот креира предупредувачки светлосен сигнал за секоја конектирана машина, и дефинира критични и хронични грешки. Имате опција за пренос на податоци и аларми од DXM контролерот до централниот контролер или до облак. Тоа Ви гарантира пристап и анализа на податоци без разлика на Вашата локација.
Решението е погодно во индустрија со голем број ротациони уреди кои се дел од процесот, меѓу кои металургија, автомобилска, градежна, …
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!