PLC контролери
од признаени брендови
PLC контролерите се клучни компоненти за секоја апликација. Тие користат програмирана логика за контрола на Вашите уреди и процеси. Зафаќаат мал простор, а придонесуваат за намалени трошоци за ожичување, лесни промени во контролните системи, зголемена доверливост, експанзивност и пресметувачки капацитети. Нивниот цврст дизајн кој издржува вибрации, температура, и влажност Ви дозволува да ги користите и во сурови работни средини. Широкиот спектар на додатни модули Ви овозможува лесно проширување на перформансот на Вашите PLC контролери.
Контролирајте ги Вашите процеси со квалитетна опрема
Во нашето богато портфолио на PLC контролери ќе пронајдете опрема и додатоци од следните признаени и потврдени брендови:
Изберете совршен PLC контролер за Вашата апликација
Прочитајте ги најновите вести за PLC
Unitronics PLC контролер Vision 1210/1040 серија
Напреден програмабилен контролер со елегантно вграден 12.1”/10.4” графички колор екран на допир. Има IP66 заштита - идеален избор за прехранбена индустрија!
Индустриска автоматика преку V350 PLC контролери
Индустриска автоматика преку помоќен, побрз, и елегантен начин на првокласна контрола со Vision 350 контролери.
Jazz PLC контролери со текстуален дисплеј
Jazz контролери дизајнирани за контрола на поедноставни задачи за автоматика и помали машини. Гарантираат економски исплатлива контрола.
Unitronics PLC контролер Vision 430 серија
Елегантен 4.3” HMI екран на допир со 5 клучни функции, експанзија до 512 I/O терминали, самоприлагодливи 24 PID јамки, се програмираат со бесплатен VisiLogic софтвер директно или далечински.
Samba PLC контролер
Зголемете ја Вашата конкурентна предност со Samba серијата на Unitronics интегрираниот PLC + HMI контролер. Достапни за нарачка како 3.5"/4.3"/7" HMI 16-bit екрани на допир.
Ethernet IP за побрз податочен пренос
Unitronics PLC контролерите од наградуваната UniStream серија сега поддржуваат и индустриски Ethernet IP протокол.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.












