PLC контролери
од признаени брендови
PLC контролерите се клучни компоненти за секоја апликација. Тие користат програмирана логика за контрола на Вашите уреди и процеси. Зафаќаат мал простор, а придонесуваат за намалени трошоци за ожичување, лесни промени во контролните системи, зголемена доверливост, експанзивност и пресметувачки капацитети. Нивниот цврст дизајн кој издржува вибрации, температура, и влажност Ви дозволува да ги користите и во сурови работни средини. Широкиот спектар на додатни модули Ви овозможува лесно проширување на перформансот на Вашите PLC контролери.
Контролирајте ги Вашите процеси со квалитетна опрема
Во нашето богато портфолио на PLC контролери ќе пронајдете опрема и додатоци од следните признаени и потврдени брендови:
Изберете совршен PLC контролер за Вашата апликација
Прочитајте ги најновите вести за PLC
Индустриски Ethernet I/O модул со RS232/485 интерфејси
Ултракомпактниот TBEN-S2-2COM модул од Turck гарантира комуникација помеѓу уреди преку RS232/485 сериски интерфејси и преку дигитални I/O терминали за индустриски Ethernet, т.е. PROFINET.
Unitronics PLC контролери Samba и Jazz серии
Наградувана Samba серија и high-speed Jazz серија на PLC контролери од Unitronics достапни за интуитивна контрола на процеси.
Turck хибриден safety I/O модул
Флексибилен и исплатлив TBPN хибриден модул во компактно IP67 куќиште за комбинирана евалуација и на стандардни и на safety I/O сигнали.
Unitronics контролер Vision700 серија со вграден Ethernet порт
7” колор екран на допир за современ изглед и моќност. Контролер за релативно ниска цена. Серијата Vision700 има вграден Ethernet порт со 8 socket-и за симултана комуникација на 8 уреди.
Unitronics програмабилен контролер Vision570 серија
Моќни програмабилни контролери со висока резолуција, 5.7″ колор екран на допир, и snap-in I/O терминали за директен приклучок на задниот дел од Vision уредот.
Unitronics програмабилен контролер Vision130 серија
Моќен минијатурен контролер со вграден HMI дисплеј и тастатура. Поддржува до 256 I/O сигнали, 400 слики по апликација, 1024 кориснички екрани... Совршенство на дланка!
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.












