Изберете етаблирани Eta производи на пазарот
По своето основање во 1978 година во Италија, компанијата Eta се здоби со повеќе од 40-годишно искуство во производство на челични лимови, нерѓосувачки челик, и преработен алуминиум. Се етаблираше како глобална референца на пазарот за електрични ормари без ожичување.
Eta е секогаш и секаде тука за Вас
Еta групацијата има производни погони на две локации во Италија – еден во Canzo за раните фази на производство, и втор во Albavilla за крајните фази. Tие имаат и центар за логистика во Италија.
Две нивни комерцијални подружници се лоцирани во Англија и Франција, а трета во Кипар (за пазарот на Блискиот Исток). Тие имаат обемна продажна мрежа низ Италија, и во повеќе од 40 држави ширум светот.
Искористете ги капацитетите на Eta
Во нивната лабораторија, нивните инженери можат да замислат, дизајнираат, и изградат нови иновативни производи и решенија. Исто така, таму можат да развијат проекти по мерка на нивните бизнис партнери. Во нивниот Центар за истражување и развој, тие можат да ги проучат Вашите потреби и секој дел од проектот може да се тестира, благодарение на производните системи целосно посветени на прототипови и тестови. Така, тие можат да изберат најефикасно и најефективно решение.
Исто така, тие имаат свој Оддел за квалитет и безбедност за да бидат во тек со сертификати, регулативи, и стандарди од својот сектор, и за да одговараат на прецизни и уникатни барања на пазарот, благодарение на посветена лабораторија опремена со сите потребни алати и опрема.

Погледнете зошто се Eta уникатни
Прочитајте ги најновите вести
Safety Profinet I/O интерфејс Schmersal SFB
Profinet I/O safety интерфејс за редундантна конекција на safety излези од електронски или електромеханички safety уреди.
excom: I/O решение за сите Ex зони
Пренесете процесни информации и мета податоци од терен до IT системи со excom Ethernet gateway уредот од Turck. Одобрен за Ex зона 2.
Бесконтактно мерење и инспекција на шуплини
Мерен систем boreCONTROL од Micro-Epsilon дизајниран за точно мерење на дијаметар и профил, проценка на површина, и детекција на дефекти.
Ласерска инспекција на пивски шишиња
Доверлива инспекција во реално време на вратени шишиња и автоматизација на процес на рециклажа. Решение од Типтех!
Leuze фотосензор за детекција на сите објекти
DRT 25C е дифузен сензор со динамичка референца. Воведува нов принцип на детекција на објекти во областа на оптички сензори.
ESCHA M12 конектори со колор навртка
Робусни исплатливи пластични навртки во 4 бои за сложени апликации каде улогата на доверливо колор кодирање е клучна.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.













