Изберете етаблирани Eta производи на пазарот
По своето основање во 1978 година во Италија, компанијата Eta се здоби со повеќе од 40-годишно искуство во производство на челични лимови, нерѓосувачки челик, и преработен алуминиум. Се етаблираше како глобална референца на пазарот за електрични ормари без ожичување.
Eta е секогаш и секаде тука за Вас
Еta групацијата има производни погони на две локации во Италија – еден во Canzo за раните фази на производство, и втор во Albavilla за крајните фази. Tие имаат и центар за логистика во Италија.
Две нивни комерцијални подружници се лоцирани во Англија и Франција, а трета во Кипар (за пазарот на Блискиот Исток). Тие имаат обемна продажна мрежа низ Италија, и во повеќе од 40 држави ширум светот.
Искористете ги капацитетите на Eta
Во нивната лабораторија, нивните инженери можат да замислат, дизајнираат, и изградат нови иновативни производи и решенија. Исто така, таму можат да развијат проекти по мерка на нивните бизнис партнери. Во нивниот Центар за истражување и развој, тие можат да ги проучат Вашите потреби и секој дел од проектот може да се тестира, благодарение на производните системи целосно посветени на прототипови и тестови. Така, тие можат да изберат најефикасно и најефективно решение.
Исто така, тие имаат свој Оддел за квалитет и безбедност за да бидат во тек со сертификати, регулативи, и стандарди од својот сектор, и за да одговараат на прецизни и уникатни барања на пазарот, благодарение на посветена лабораторија опремена со сите потребни алати и опрема.

Погледнете зошто се Eta уникатни
Прочитајте ги најновите вести
Micro-Epsilon фотоспектрометар colorCONTROL ACS7000
Фотоспектрометарот ACS700 Ви овозможува неверојатно точно и брзо бесконтактно мерење на бои и тонови во индустрија или лабораторија.
Micro-Epsilon CFO колориметар, сензор за вистинска боја
CFO колориметар со висока точност за боја, најсовремени интерфејси, и интуитивна работа во различни апликации.
MOOG индустриски лизгачки прстени
Беспрекорен пренос на сигнали од стационарен до ротационен дел од Вашиот уред. Голем избор на производи од Moog.
Потпорни раце и контролни панели од Teknokol
Заштитете ги Вашите индустриски компјутери и HMI интерфејси од сурови средини и неовластен пристап со помош на потпорни раце и контролни панели.
Schmersal мултифункционален safety модул PROTECT SELECT
Модул за високо ниво на безбедност на работник при работа со машини кој истовремено може да заврши комплексни задачи.
Бесконтактно мерење температура на тело
Термална камера thermoIMAGER од Micro-Epsilon за доверливо бесконтактно мерење температура на тело.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.













