Колор сензор In-Sight 2000 серија
Серијата In-Sight 2000 на колор сензори од Cognex опфаќа дел за осветлување, и дел за детекција и обработка на слика. Се состои од вградена камера, процесор, и кружно LED осветлување кое емитира дифузна светлина за нерамномерна илуминација низ сликата така што ја елиминира потребата за помошно осветлување. Сензорот има модуларен дизајн кој овозможува различни комбинации од осветлување, леќи, и конектори.
Водечки предности
Детектираната слика се обработува во In-Sight софтверската развојна околина која овозможува широк избор на алатки и алгоритми за лоцирање, контрола, мерење, и броење. Овозможено е лесно и брзо графичко програмирање преку In-Sight Explorer EasyBuilder интерфејсот.
Покрај доверлив софтверски пакет, модуларен дизајн, и флексибилни комуникациски протоколи, сензорот лесно се инсталира и конфигурира така што е идеален избор за оптичка контрола на едноставни апликации.
Доверлива, брза, и лесна оптичка контрола
Покрај контролни алгоритми за присуство, локација, и квантитет, колор моделите вклучуваат и детекција на боја. Хардверот со резолуција до 800 x 600, 2x зголемување, и детекција на 55 слики/секунда, во комбинација со моќниот софтверски пакет гарантира доверлива, брза, и лесна оптичка контрола во разни апликации.
Сите модели се усогласени со Cognex VisionView софтвер, и со VisionView 900 HMI екран на допир, за лесна проверка на резултати и конфигурација.
Карактеристики на Cognex модели In-Sight 2000 серија:
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!