Cognex

е светски лидер на опрема за машински вид.

Cognex Ви нуди баркод читачи, системи и софтвер за машински вид кои обезбедуваат инстант подобрувања кај секој производен процес, т.е. побрза изработка на производи без дефекти и со помал трошок.

Cognex лого

Лидер за машински вид

Изградете го Вашиот машински вид

Cognex нуди најсовремени производи кои ги решаваат Вашите најсложени предизвици од машински вид и за индустриско баркод читање.

  • 2D системи за машински вид

  • 3D системи за машински вид

  • Софтвер за машински вид

  • Deep Learning решенија

  • Фиксни баркод читачи

  • Рачни баркод читачи

  • Баркод верификатори

  • Мобилни решенија

Ви треба помош? Дозволете да Ви помогнеме.

Автоматска идентификација и контрола на квалитет со Cognex

Cognex системите имитираат човекови очи и мозок за да извршуваат детални задачи со висока прецизност и голема брзина на производните линии, или со цел едноставна автоматска идентификација и контрола на квалитет.

Тие служат во многу сектори од следните индустрии: автомобилска, прехранбена, фармацевтска, електроника; потоа логистика, ракување со багаж на аеродром, природни науки, итн.

Обемното знаење и 40-годишна иновација се рефлектираат врз Cognex технологијата во која може да имате доверба.

Сакате да набавите наши опрема?

Cognex за решение на Вашите најсложени задачи

Повеќе за Cognex

Едноставноста е вградена во срцето на Cognex системите за машински вид. Нивниот софтвер Ви помага брзо да ја поставите Вашата апликација – не е потребно претходно програмерско знаење.

Во комбинација со флексибилен и моќен компјутерски развој, достапниот Cognex софтвер за машински вид овозможува побрзо од било кога да се креираат и распоредат решенија за најсложени deep learning апликации или традиционални апликации за машински вид.

Сите производи од палетата на Cognex производи базирани врз слика се тестирани според највисоки стандарди, обезбедувајќи конзистентно беспрекорна и доверлива работа, и врвен квалитет.

Cognex дизајнира, развива, произведува, и продава богат асортиман на производи базирани врз слика кои користат техники на вештачка интелигенција (AI) што им даваат способност слична на човекот за донесување одлуки според она што го гледаат. Нивното портфолио е поддржано од глобална мрежа на апликации и технички експерти.

Cognex е најголем, најуспешен, и најпознат глобален играч во полето на индустриски машински вид. Oд основањето на компанијата во 1981 година има испорака на повеќе од 2 милиони производи базирани врз слика, што претставува кумулативен приход од над 5 милијарди американски долари.

Cognex e дом на околу 2000 вработени. Седиштето е во Масачусетс, САД, а има канцеларии во повеќе од 20 држави.

Cognex e свесен дека одговорната стручна услуга претставува очекување кое сите клиенти треба да го имаат. Така, Ве служи од своите канцеларии низ Америка, Европа, и Азија, и преку глобална мрежа на високо обучени партнери, системски интегратори, и дистрибутери. Без разлика дали сте почетник или искусен корисник, тие ја даваат својата експертиза за да Ви помогнат да успеете.

Прочитајте ги најновите вести од Cognex

Претплатете се на нашиот весник!

Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.