M8 индуктивни сензори за близина

M8 серија на Turck индуктивни сензори за близина со феритно јадро Ви нуди неверојатен избор на варијанти и на зголемени прекинувачки растојанија.

Богат избор на индуктивни сензори за близина

Модуларниот дизајн на Turck индуктивни сензори за близина во M8 куќиште Ви нуди богат избор на варијанти и на апликации. Надградбата во технологија со феритно јадро доведе до зголемување на прекинувачко растојание до 50 %. Достапни се варијанти за потполно вградлива монтажа (flush) со проширено 3 mm прекинувачко растојание или со стандардно 2 mm прекинувачко растојание. А сензорите за стандардна монтажа се достапни со 3 mm или со 5 mm прекинувачко растојание. Благодарение на ново развиената електроника за сензори, Turck може да произведува и варијанти со ултра краток 15 mm дизајн.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Модуларен дизајн

Turck M8 серија

Серијата нуди модели со 15, 22, 30, или 40 mm должина. Може да ги конектирате преку M8 или M12 конектори, како и преку уреди со кабелски излез кој може да биде нарачан со 3- или 4-жилни конектори како NO или NO/NC контакти.

Достапни се и други варијанти благодарение на изборот помеѓу потполно вградлива (flush) монтажа и стандардна монтажа, со стандардно или проширено прекинувачко растојание. Пристапот за развој на модуларен дизајн на серија овозможува бескомпромисно да пронајдете оптимален М8 прекинувач за Вашата апликација.

Совршено решение за носач на кабли

Сензорите со кабелски излез се погодни за носачи на кабли, а со полутранспарентен LED прстен на крајот од сензорот се погодни за приказ на прекинувачко растојание под било кој агол.

Turck M8 апликација

Сакате да дознаете повеќе?

Inductive proximity sensor Turck M8

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news