Потпорни раце и контролни панели
Заштитете ги Вашите индустриски компјутери и HMI интерфејси од сурови услови и неовластен пристап, преку потпорни раце, контролни панели, држачи, работни станици… од светски признаениот производител Teknokol.
Иновативни производи
Teknokol е светски лидер неуморно посветен на истражување, развој, и производство на серија иновативни и квалитетни производи меѓу кои потпорни раце и контролни панели.
Нивните производи имаат највисоко ниво на квалитет и модерен ергономичен дизајн кој исполнува највисоки стандарди за безбедност.
Изберете совршено решение
Дополнително, нивната модуларна структура и голем избор на модуларни компоненти овозможува склопување на различни конфигурации адаптирани на потребите на Вашата апликација.
Или изберете ергономски држачи и работни станици како најдобри производи за инсталација на индустриска електронска опрема.
Модуларен дизајн
Потпорните раце се погодни за лесни или тешки оптоварувања, и за должина до 3 метри. Модуларниот дизајн е компатибилен со сите системи – преку фиксни или ротациони спојки може да склопите решенија според Вашите потреби.
Ергономски дизајн и врвен квалитет гарантираат комфорност, доверливост, и долг работен век. Со VESA модулот може да го монтирате Вашиот индустриски компјутер на потпорна рака. Сите Axiomtek панел компјутери се погодни за монтажа на Teknokol опрема.
Полесна работа за Вашите оператори
Скриени кабли во спојни кули
Инсталирајте спојни кули таму каде што потпорните раце не може да бидат инсталирани. Кулите се 2-3 m високи со 150×150 или 200×200 mm профили во кои може да ги скриете каблите. Обезбедувате чиста и безбедна работна средина.
Компонентите се модуларни кои овозможуваат конфигурација според Вашите потреби. Преградите ја штитат Вашата електроника од манипулации и контаминација од сурови средини. Лесно се одржува.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!