Ултразвучни сензори со врвен перформанс
Turck ултразвучните сензори од RU-U серии нудат детекција со мала мртва зона, голем мерен опсег, и многу можности за параметризација. Може да опфатите широк мерен опсег со помалку варијанти на сензори.
Преку помалку варијанти до поголем мерен опсег
Turck ултразвучните сензори од RU-U серии промовираат зголемен мерен опсег со помалку варијанти на сензор. Со тоа се намалува Вашата потреба за повеќе варијанти на залиха. Малата мртва зона на сензорите овозможува голем мерен опсег, на пр.: 40 cm мерен опсег со 2.5 cm мртва зона.
High-End верзиите може да функционираат и како прекинувач и како аналоген сензор. Преку IO-Link може да поставите различни работни режими, температурна компензација, или излезна функција.
Основни предности на RU-U серии
Голем мерен опсег
Новите звучни преобразувачи овозможуваат ултразвучните сензори да опфатат поголеми растојанија: M18 верзија до 1.30 m, а M30 верзија до 3 m. Втората верзија веќе не бара зголемени преобразувачки глави. Тоа овозможува нивна употреба во поголем спектар на апликации.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!