Идентификација и логистика

од водечки производители

Опремата за идентификација и логистика опфаќа широк спектар на уреди кои се користат за сигурна авторизација и контрола на инвентар/логистика. Оваа опрема овозможува прибирање и следење на податоци од поединечни производи или серија производи за време на производство, но и во текот на логистички ланец до потрошувачот. Откако производот ќе го има сопствениот универзален производен код, Вам ви треба уред за регистрација на податоци и специјален софтвер за автоматско прибирање на податоци.

Ви треба помош? Дозволете да Ви помогнеме.

Изберете совршена опрема за Вашата апликација

читач на етикети

Нашето портфолио вклучува богат избор на опрема за идентификација и логистика од следните производители:

Намалени трошоци, оптимален перформанс, зголемено производство, контролирана следливост со помош на нивната напредна технологија, модуларни можности, и едноставна поставка. Вие ќе бидете способни за доверлива идентификација на суровини или производи, потоа за оптимално производство и процеси на логистика, и за сигурна максимална системска достапност.

Сакате да набавите наши опрема за Идентификација?

Бенефити со нашиот богат асортиман на производи

Нашите баркод читачи вклучуваат баркод скенери и баркод апарати (Barcode Imagers). Првите се најдобри за апликации кои бараат читање со висока брзина на соодветно ориентирани 1D баркодови и/или на подредени симболи (stacked symbol), а вторите читаат во сите насоки и 1D и 2D баркодови. Вие можете да изберете мобилни рачни читачи, модели со безжичен пренос, комбинирани уреди, или фиксни баркод читачи со висока точност. Покрај читачите кои декодираат 1D и 2D кодови, достапни се и RFID читачи.

Нашите RFID системи вклучуваат RFID read/write глави кои Ви овозможуваат да читате и запишувате карактеристики од и на RFID тагови, дури и под најнеповолни услови. RFID интерфејсите се достапни да ги конектирате на разни комуникациски протоколи. Преку скенирање на повеќе тагови можете да заштедите време и да ги намалите трошоците.

Едно- и повеќестраните баркод системи и тунели кои брзо читаат кодови на пакувања или пратки, и пренесуваат податоци до системите во објектот, можат да го решат предизвикот на зголемена побарувачка и недостиг на вработени во Вашата дистрибуција или компанија за е-трговија.

Нашите баркод верификатори обезбедени со бесплатен софтвер ќе Ви овозможат да ја испитате способноста за скенирање и квалитетот на баркодови во споредба со индустриски стандарди и спецификации.

Вие имате можност да изберете оптички податочни примопредаватели за безжичен пренос на информации со помош на инфрацрвена светлина. Тие се посебно корисни во апликации каде индустриските мрежи: PROFINET, PROFIBUS, DeviceNet, Ethernet, итн., се конектирани со системски компоненти кои може да се преместуваат.

Известете нè и ние ќе го најдеме соодветниот производ за Вас.

Контактирајте нè

Прочитајте ги најновите вести за идентификација и логистика

  • DataMan 150/260 series Barcode Readers

Баркод читачи DataMan 150/260 серии

Фиксни Cognex баркод читачи од DataMan 150/260 серии со највисока стапка на читање благодарение на брз и моќен софтвер кој користи најнови Cognex алгоритми.

Претплатете се на нашиот весник!

Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.