Најточно читање на DPM баркодови

Напредни 2-D алгоритми со PowerGrid технологија од Cognex за точно читање на 2-D баркодови и со оштетени или целосно отсутни витални елементи. Со технологијата сега може да очекувате зголемена стапка на читање и робусно декодирање значително над моменталниот просек на очекуван перформанс. Можност и за читање на DPM баркодови.

Доверливо декодирање на DPM баркодови

Сега може уште подоверливо да декодирате и DPM (Direct Part Marked) баркодови перманентно директно означени на парчето. Cognex како светски лидер за машински вид ја претстави неговата Powergrid технологија која комбинира текстура и форма за најдобро читање на 2-D баркодови во својата класа. Алгоритамот е уникатен пристап за декодирање на 2D матрични DPM баркодови.

За разлика од обичните алгоритми кои почнуваат да го декодираат баркодот откако ќе го пронајдат “L” шаблонот на баркодот, PowerGrid технологијата бара шаблон на наизменични светли и темни модули на баркодот. Овој алгоритам овозможува највисока стапка на читање на баркодови со податочна матрица во индустриски апликации, меѓу кои: апликации од автомобилска индустрија, електроника, логистика…

DPM баркодови PowerGrid технологија

Сакате да набавите наши опрема за Идентификација?

Екстремно моќна технологија

PowerGrid технологија Cognex

По анализа на алгоритми за декодирање Cognex заклучил дека висок процент на неуспешни читања настанале поради непрепознавање на локаторот на баркодот (т.е., “L” шаблон) или поради мртва зона (маргини) околу баркодот.

Cognex развил техника која може да пронајде и да декодира директно означени парчиња без да го пронајде “L” локаторот. Резултатите се неверојатни.

Декодирање и на тешко читливи DPM баркодови

PowerGrid технологијата драстично го подобрува перформансот за читање на 2-D матрични DPM баркодови кои се тешко читливи поради сложена геометрија на кодно означен производ, слабо осветлување, оптички бариери, или грешки при гравирање.

PowerGrid успешно пронаоѓа и декодира баркодови и во случај на оштетени или отсутни витални елементи.

DPM производи

DataMan баркод читачи со PowerGrid технологија

Стекнете бенефит од технологијата и кај индустриски апликации. Достапни се “X” модели на DataMan 150-, DataMan 260-, и DataMan 300 баркод читачи со PowerGrid технологија.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news