Компактна RFID read/write глава

Turck моделот  TB-Q08 HF е најмала RFID read/write глава на пазарот која е погодна за употреба во ограничени услови на монтажа. Во комбинација со Turck BL ident RFID системот може да имплементирате едноставна заштита на Вашиот бренд, заштита на пристап, и контрола на пристап.

Монтажа во ограничени услови

Во индустрија, RFID системите најчесто се користат кај внатрешни транспортни системи, на пр.: конвеери, транспорт на палети, итн. Но, може да се користат и за идентификација на алат. За таа цел Turck, како лидер за индустриски RFID системи, воведе нова read/write глава. Моделот TB-Q08 е моментално најмала ISO15693 усогласена RFID read/write глава на пазарот. Моделот има IP67 класа на заштита.

Благодарение на компактниот правоаголен дизајн и 15 cm долгиот кабел, моделот TB-Q08 е особено погоден за употреба во ограничени услови за монтажа, како кај мали линии за склопување и транспорт. Идентификација на алати како на пр. алати за лиење на калапи е идеална апликација за новата read/write глава.

Turck RFID систем

Сакате да набавите наши опрема за Идентификација?

Заштитена идентификација

TB-Q08 HF read/write глава

Во прилог на компактните 32 mm x 20 mm x 8 mm димензии, и антената и електрониката се интегрирани во исто куќиште. Два LED индикатори видливи од сите насоки покажуваат статус на напојување, а и активна read/write работа на корисник.

Во комбинација со R10 и R12 тагови, моделот TB-Q08 може максимално да го искористи својот капацитет за идентификација на метални објекти. Таговите може да бидат директно монтирани на металот, а се опремени со чип кој поддржува функции со лозинка. Во комбинација со Turck BL ident RFID системот, може да имплементирате едноставна заштита на бренд (превенција од неовластено копирање), заштита на пристап, контрола на пристап (само за овластени лица), итн.

Карактеристики на RFID read/write глава

  • Правоаголна, 8 mm висина
  • Активна страна на горен дел
  • Метал, GD-Zn, месинг обложен со никел
  • Напојување и контрола преку BLident интерфејс
  • M12 × 1 машки конектор, единствено преку BL ident продолжен кабел
механички нацрт

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news