Ласерски скенер со сина светлина за бесконтактно мерење на профили
Micro-Epsilon ласерски скенер со сина светлина се препорачува за мерење на профил на метали при термичка радијација, и на транспарентни и органски површини. Со scanCONTROL моделот постигнете одлична стабилност на сигнал, а со тоа и прецизни мерни резултати.
Детекција на најситни детали со висока резолуција
Во однос на точноста и на стапка на мерење, Micro-Epsilon ласерскиот скенер е помеѓу најдобрите профил сензори во светот.
Моделот LLT2900-10BL има 10 mm мерен опсег по x-оска и 8 mm мерен опсег по z-оска. Резолуцијата на скенерот е 1 μm, а линеарноста е 0.1 %. Според мерната брзина, може да изберете стандарден модел (до 300 Hz) или “high-speed” модел (до 2000 Hz).
Компактниот дизајн и високата резолуција овозможуваат да се користи за проверка на квалитет на производ, како прецизен лабораториски мерен инструмент, или за контрола на роботска рака.
Апликации
Ласерскиот скенер со сина светлина се користи во апликации со највисока прецизност и резолуција, меѓу кои: прецизна механика, електроника, медицина, и производство на прецизни делови. Други апликации:
- Детекција на рабни точки на профил, и одредување на координати
- Мерење на агли на профил
- Детекција на гребнатини или други оштети на површина на производ
- Проверка на позициона толеранција кај електроника
- Проверка на позиција на жилети во однос еден на друг
- Мерење на големина или димензии на дупка
- Верификација на завршно ласерско заварување
Повеќе апликации
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!