Инфрацрвен пирометар за точно мерење на температура
Micro-Epsilon инфрацрвениот пирометар (или инфрацрвен видео термометар) се користи за мерење на температура и во индустрија и во наука. Промовира софистицирани сензори, и овозможува паралелна употреба на видео и на крстат ласер за оптимално нагодување на мерното поле и во процеси со ограничен пристап. Стекнете предност со инфрацрвен пирометар особено во апликации за висока температура.
Бесконтактно мерење на температура
Инфрацрвениот пирометар мери температура преку детекција на инфрацрвена енергија со која секој објект би зрачел. Радијацијата зависи од температурата на објектот, и типот на материјал. Инфрацрвениот пирометар кој бесконтакно мери температура е погоден за апликации во кои термопар или друг тип на контактен сензор за температура не би бил соодветен или доволно прецизен.
Мерењето со инфрацрвен пирометар е екстремно брзо, т.е неговото време на одѕив има опсег од 1 ms до 100 ms. Карактеристично за пирометарот е и минијатурното мерно поле, дури 0.5 mm.
Интегриран видео модул
Секој инфрацрвен пирометар содржи: леќа која го одредува мерниот опсег, инфрацрвен детектор, засилувач на сигнал, и дисплеј. Карактеристично за Micro-Epsilon моделот CSVideo M2 е вградениот видео модул за надзорна асистенција, како додаток на инфрацрвениот детектор. Модулот му помага на корисникот да го насочува пирометарот. Корисникот цело време гледа слика на екран со јасно означено мерно поле. Корисникот има можност за прецизна контрола особено во тешко пристапни и ограничени простори.
Лесно мерете широк температурен опсег
Моделот CSVideo M2 е погоден за мерење на температура во опсег од 250 °C до 1600 °C. Благодарение на 1.6 µm малата бранова должина, сензорот доверливо мери температура на жешки метали, керамика, и композитни метали, т.е воглавно се користи во металургија.
Со IR пирометарот добивате и CompactConnect софтвер кој лесно овозможува да ги зачувате мерењата, графички да ги анализирате, и да го конфигурирате.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!