Чекорни мотори
Чекорен мотор претставува синхрон електромеханички уред без четкици, кој електричните сигнали ги преобразува во механички вртливи движења на осовината. При пораст во фреквенција на дигитални импулси доаѓа до промена од чекорно придвижување во континуирано вртливо движење каде што брзината на вртење зависи правопропорционално од фреквенцијата на импулсите. Секое вртење на чекорниот мотор се дели на одреден број на чекори, а контролерот мора да прати импулс за секој чекор. Позицијата на чекорниот мотор може да биде контролирана без повратна врска сè додека истиот е соодветно димензиониран според дадена апликација.
Квалитетен чекорен мотор за Вашата апликација
Системите со Чекорни мотори се употребуваат при разни видови на апликации со цел позиционирање, вртливо движење, и транслаторно движење на разни типови на делови или опрема. Ние нудиме чекорни мотори од R.T.A. групација, која е водечка европска компанија во индустријата за контрола на движење со повеќе од 45-годишно искуство. Денес, тие имаат воспоставено мрежа од 46 дистрибутери низ 5 континенти и продадено повеќе од 1 милион драјвери за чекорни мотори.
Нивната компјутеризирана тест линија изведува тест на секој драјвер преку две различни операции, притоа обезбедувајќи негов квалитет. Вештите инженери од компанијата обезбедуваат професионалност, како и брза поддршка и помош за сите клиенти.
Конверзија на импулси во ротационо движење
Еден чекорен мотор го преобразува секој дигитален импулс во механичко поместување. Секој импулс предизвикува моторот да се заврти за прецизен агол. На пример, чекорен мотор со типична резолуција од 1.8° означува дека осовината на моторот прави 1 полн циклус по 200 импулси или чекори (360° / 1.8° = 200).
Роторот на чекорниот мотор е составен од магнет со два запчани роторски парови полови каде секој има типично 50 запчаници. Статорот на чекорниот мотор има 8 радијално поставени магнетни полови кои се направени од тенки магнетни лимови меѓусебно изолирани. Постојат осум 8 намотани калеми на нив.
Предности на чекорен мотор
- Агол на ротација пропорционално зависен од влезен импулс
- Прецизно позиционирање и повторливост на движење
- Едноставна употреба (инсталација и почеток на работа)
- Разновидна употреба (за различни апликации)
- Одличен одѕив при режим на старт/стоп/спротивна насока
- Едноставна градба
- Висока доверливост и робусност (погоден за сурови работни средини)
- Полн вртлив момент при мирување (доколку намотките се под напон), и висок вртлив момент при ниски брзини
- Ниска цена во споредба со други погонски контролни системи
- Ниски трошоци за одржување
Изберете совршен работен принцип за Вашиот процес
Полн чекор
Чекорниот мотор со полн чекор има 200 полни чекори по циклус на осовината на моторот. Тие работат со една фаза активна во даден момент или со две фази истовремено активни, каде резолуцијата изнесува 1.8° полн аголен чекор.
При две активни фази, вртливиот момент на чекорниот мотор е 30%-40% повисок во споредба со една активна фаза.

Полн чекор, Една активна фаза

Полн чекор, Две активни фази
Полу чекор
Чекорниот мотор се врти со 400 чекори по циклус, каде едната намотка е под напон, а потоа две намотки се под напон наизменично, така што роторот се завртува за половина растојание, или 0.9°.
Иако обезбедува приближно 30% помалку вртлив момент во споредба со режимот на полн чекор, овој режим на полу чекор создава пофино движење.

Полу чекор
Микро чекор
Еден полн чекор или 1.8° може да биде поделен на 256 микро чекори со цел да го израмни вртливото движење на моторот при ниски брзини. Контролерот за чекорниот мотор праќа 2 напонски синусни бранови – 90° фазно поместени, до намотките на моторот.
Овој режим на работа се употребува при апликации кои бараат точно позиционирање, и фино движење при разни брзини.

Микро чекор
Следете ги следните едноставни чекори
Магнетните полови имаат 48 запчаници, т.е 2 помалку од роторот. Статорските полови во однос на роторот се подредени на следниот начин (Сл. 1): 2 полови се подредени, 2 полови не се подредени, а 4 полови се полуподредени со роторот. Статорските намотки се две независни множества од калеми (Сл. 2).
При развој на апликација со чекорен мотор, Вие треба да ги следите следните едноставни чекори:
Каде може да примените чекорен мотор?

- Позиционирање по XY-оски
- Складирање, pick-and-place системи и роботи
- Системи за пакување, и Опрема за апликации на етикетирање
- Разни Транспортни и Логистички системи (внатрешно движење и ориентација)
- Системи за насочување и подредување (аголно и линеарно)
- Системи за размена на форматирачки делови или алатки
- Мерни и Лабораториски системи
- Подвижни ленти
- …
Какви машини може да развиете?
- Машини за пакување
- Опрема за етикетирање
- Машини за полнење на течности и прашкасти производи
- Машини за пресекување на пластика, метали, дрво, керамика, стакло, камен
- Машини за обликување
- Роботи
- Лабораториски инструменти
- 2D и 3D принтери
- …

Прочитајте најновите вести
Safety Profinet I/O интерфејс Schmersal SFB
Profinet I/O safety интерфејс за редундантна конекција на safety излези од електронски или електромеханички safety уреди.
excom: I/O решение за сите Ex зони
Пренесете процесни информации и мета податоци од терен до IT системи со excom Ethernet gateway уредот од Turck. Одобрен за Ex зона 2.
Бесконтактно мерење и инспекција на шуплини
Мерен систем boreCONTROL од Micro-Epsilon дизајниран за точно мерење на дијаметар и профил, проценка на површина, и детекција на дефекти.
Ласерска инспекција на пивски шишиња
Доверлива инспекција во реално време на вратени шишиња и автоматизација на процес на рециклажа. Решение од Типтех!
Leuze фотосензор за детекција на сите објекти
DRT 25C е дифузен сензор со динамичка референца. Воведува нов принцип на детекција на објекти во областа на оптички сензори.
ESCHA M12 конектори со колор навртка
Робусни исплатливи пластични навртки во 4 бои за сложени апликации каде улогата на доверливо колор кодирање е клучна.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.





















