Контролна опрема

од глобални производители

Контролна опрема за индустриски апликации опфаќа контролни уреди кои Ви помагаат да ги контролирате Вашите индустриски производни процеси. Индустриски бројачи, Индустриски контролери, Процес индикатори, Апарати за регистрација на податоци, Контролни станици и џојстици, и други слични придружни компоненти обезбедуваат идеалнa контрола за Вашите индустриски капацитети.

Ви треба помош? Дозволете да Ви помогнеме.

Оптимални процеси преку доверлива контролна опрема

контролни станици

Во нашето богато портфолио Вие може да пронајдете широк избор на контролна опрема дизајнирана со цел да обезбеди точност, стабилност, доверливост, и квалитет. Опремата е особено погодна за апликации со високо ниво на прецизност.

Ние нудиме производи од следните производители:

Сакате да набавите наши опрема?

Широк избор на контролна опрема

Процес индикатори Ви дозволуваат да следите процесни информации преку приказ на температура, притисок, проток, и влажност. Одредени индикатори можат да предаваат добиени податоци до други уреди во поле.

Апаратите за регистрација на податоци се дизајнирани за процеси чии температури или други процесни параметри треба да се следат преку нивна регистрација на одреден временски период. Така, Вие можете да исполните одредени регулаторни барања, а податоците може да бидат употребени за анализа и како показатели на ефикасноста на Вашата апликација.

Преносните дигитални мултиметри се дизајнирани за да комбинираат функции на различни мерни инструменти, како на пр. за: звучно ниво, светлина, влажност, температура, итн. Тие се идеални мултифункционални инструменти прилагодени за практични апликации.

Контролните станици и џојстици Ви овозможуваат директна или помошна контрола и менаџмент на машини и процеси во индустрија, јавен транспорт, градежни објекти, пристаништа, итн.

На сметка на високо практична и сурова природа на индустриските апликации, нашите индустриски контролни станици и џојстици се истакнуваат преку нивната доверлива работа, издржливост, безбедност, и долготраен работен век. Покрај општите барања како функционалност, надворешни услови, обем на работа, и електрични компоненти кои се задолжителни при нивно производство, во предвид се земаат и Вашите конкретни и понекогаш сложени барања.

Индустриските бројачи регистрираат и прикажуваат број на одредени настани или процеси кои се често временски зависни. Како едни од клучните елементи во дигиталните кола, Вие може да ги примените во индустрии кои користат дигитален такт и тајмери, потоа тајмери во куќни апарати, итн. Вие можете да регистрирате голем број на настани со помош на тоталитарни бројачи, и да го видите резултатот како дигитална нумеричка вредност.

Мултифункционалните бројачи Ви нудат широк опсег на функции така што се лесно адаптабилни за да ги задоволат барањата на Вашата апликација. На пр., preset бројачите имаат контролна функција, временските бројачи прикажуваат работен циклус на инсталации, машини, и апарати, а тахометрите регистрираат настани кои се случуваат на одредена временска секвенца. Во основа, екраните за позиција работат на ист начин како мултифункционалните бројачи така што прикажуваат податок за позиција на мерено парче.

Индустриските контролери примаат податоци од сензори кои мерат процесни променливи, ги споредуваат со сакани референтни вредности, и пресметуваат командни функции со цел да ги контролираат Вашите процеси преку контролни елементи. Тие обезбедуваат перформанс и поттикнуваат квалит во разни индустрии, како на пр.: производство на пластика, пакување, металопреработувачка, прехранбена, и природни науки. Изберете температурен процес контролер во единечна јамка за системи кои бараат единечна контролна јамка, или дискретни уреди.

Температурниот процес контролер со повеќе јамки Ви помага при симултана контрола на неколку зони со цел да ја стабилизира температурата во околината. Општо, овој контролер зад ормарот поддржува разновидни Fieldbus можности  кои дозволуваат лесна интеграција со други уреди во рамки на Вашата машина или на пошироката мрежа во објектот. Користете лимитирачки контролер за контролни апликации кои бараат независен лимитирачки прекинувач за вредности под или над референтна вредност на температура.

Известете нè и ние ќе го најдеме соодветниот производ за Вас.

Контактирајте нè

контролна опрема

Прочитајте ги најновите вести за контролната опрема

  • Inductive coupler Turck

Индуктивен пар за IO-Link сигнали

Бесконтактен пренос на IO-Link контролни сигнали, и на моќност. NIC парот е идеална замена во апликации каде контактни елементи (лизгачки прстени, четкици...) се подложни на абење за разлика од NIC парот.

Претплатете се на нашиот весник!

Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.