Micro-Epsilon ласерски скенери за големи серии и прецизност

Micro-Epsilon ласерски скенери од LLT25xx и LLT30xx серии се профил сензори со меѓу највисоките перформанси во светот во однос на точност и мерна стапка. Тие бесконтактно детектираат, мерат, и евалуираат профили од различни површини на објекти. Нудат исплатливи решенија за контрола на квалитет во производство и автоматика.

Ласерски скенери со повисоки перформанси

Micro-Epsilon ласерски скенер е најсовремено решение за бесконтактна детекција, мерење, и евалуација на профили од различни таргет површини. Сериите LLT25xx и LLT30xx припаѓаат во група на најмоќни профил сензори во светот во однос точност и мерна стапка.

RTSC алгоритамот овозможува брзо нагодување на постојано променливи услови на површини. Ова дозволува динамички мерења на профили без мануелна промена на поставки. Може да детектирате дефекти на површини или да земети мерки за профили од различни компоненти за точно производство.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Ласерски скенери 25xx серија

профил скенери 25xx Micro-Epsilon

Сензори со компактен дизајн, висока резолуција на профил, и помала ласерска линија нудат исплатливо решение за контрола на квалитет во производство и индустриска автоматика. ScanCONTROL COMPACT сензори се наменети како интегратори, т.е. за пренос на податоци од профил до интеграторска апликација, а scanCONTROL SMART сензори имаат веќе вградена податочна обработка.

Благодарение на одличен сооднос цена/перформанс, и комбинација од дизајн и квалитет на сигнал, сензорот е особено погоден за сериски апликации и проекти кои вклучуваат бројни ласерски скенери.

Ласерски скенери 25xx серија

COMPACT класата (scanCONTROL 2500) е достапна за снимање 2D/3D податоци кои ги праќа за анализа до корисничката апликација, а SMART класата (scanCONTROL 2510) има вградена обработка на податоци. Достапни се варијанти со 25 mm, 50 mm, и 100 mm мерен опсег. Подолу може да погледнете спецификации за секоја класа.

Профил сензор со црвена светлина користи црвена ласерска диода до 658 nm бранова должина како извор на светлина. Има 640 точки/пиксели по профил (по x-оска), и до 300 mps мерна фреквенција (за секој профил). Користи Ethernet како интерфејс за податоци од профил, а Ethernet, RS422, аналоген, или дигитален се излезни интерфејси.

профил скенери 25xx Micro-Epsilon

25 mm мерен опсег

25xx серија 25 mm мерен опсег
спецификации 25 mm мерен опсег

50 mm мерен опсег

25xx серија 50 mm мерен опсег
спецификации 50 mm мерен опсег

100 mm мерен опсег

25xx серија 100 mm мерен опсег
спецификации 100 mm мерен опсег

Ласерски скенери 30xx серија

Ласерски скенер scanCONTROL од 30xx серија е еден од најмоќните профил сензори во однос на големина, точност, и мерна стапка. Обезбедува калибрирани 2D податоци на профили до 5.5 милиони точки по секунда. До 10 kHz мерната стапка овозможува точни мерења на профили во динамички процеси.

Високо сензитивниот CMOS сензор со 2,048 пиксели резолуција овозможува растојание меѓу точки од само 12 µm (LLT30xx-25). Така, дури и најмали детали од профилот може да бидат детектирани. Многу интерфејси, како дигитални I/O, Ethernet, PROFINET, EtherNet / IP, или EtherCAT, овозможува директно праќање на податоци од профил.

профил скенери 30xx Micro-Epsilon

Модели на LLT30xx серија

Достапни се COMPACT (scanCONTROL 3000) и HIGHSPEED (scanCONTROL 3050) класи за снимање 2D/3D податоци, и SMART (scanCONTROL 3010) и HIGHSPEED-SMART (scanCONTROL 3060) класи со вградена обработка на податоци. COMPACT и SMART класите имаат до 300 Hz мерна стапка, а HIGHSPEED и HIGHSPEED-SMART и до 10 kHz.

Достапни се варијанти со 25 mm и 50 mm мерен опсег, како и варијанти со црвена ласерска светлина 658 nm за стандардни апликации и со сина ласерска светлина 405 nm за стабилни мерења на сјајни метални објекти, делумно транспарентни материјали, и органски материјали.

Модели LLT 3000 (црвена ласерска диода)

CompactHighspeedSmartHighspeed-Smart
3000-253050-253010-253060-25
3000-503050-503010-503060-50

Модели LLT 3000 (сина ласерска диода)

CompactHighspeedSmartHighspeed-Smart
3000-25/BL3050-25/BL3010-25/BL3060-25/BL
3000-50/BL3050-50/BL3010-50/BL3060-50/BL

Широк спектар на апликации

профил скенер Micro-Epsilon апликации

На оваа веб-страница има само неколку апликации каде може да користите scanCONTROL профил сензори. Може да селектирате апликации од многу индустрии според:

  • таргет материјал (метали, дрво, пластика, гума, и друго)
  • тип на мерка (профил, 3D слика, ширина, висина/чекор, празнина, V-празнина, раб, агол, завар/лепила, позиција, површина)

Доколку сакате, може да Ви обезбедиме повеќе информации за селектираните апликации.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

scanCONTROL laser scanners Micro-Epsilon

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news