Најмали draw-wire сензори
Серијата MT од Micro-Epsilon вклучува најмали draw-wire сензори во светот. Тие се дизајнирани за мерење на линеарно поместување специфично кај индустриски апликации со брзи затегнувања на жица. Стекнете предност со лесна и брза монтажа во најмал простор.
Компактни draw-wire сензори со висока брзина
Серијата MT нуди робусни минијатурни draw-wire сензори специјално дизајнирани за тест апликации со високи забрзувања како на пр. тестови за судир. Имаат робусно алуминиумско куќиште погодно за индустриски апликации. Отворите во куќиштето овозможуваат лесна и брза монтажа.
Тие се опремени со потенциометар.
Овие сензори со висока динамика овозможуваат мерење на линеарно поместување до 60G забрзување. Тие одлично се надополнуваат со многу други draw-wire сензори од MT и MP серии дизајнирани за мерни задачи со брзи движења на жица.
Карактеристики на MT серија
Достапни се 3 варијанти на сензори од MT серија со 40 mm, 80 mm, и 130 mm мерен опсег. Најмалата варијанта постигнува линеарност до 1% од мерниот опсег, а останатите две до 0.4% FSO излез. Достапни се и аналогни модели со отпорнички излез.
Овие draw-wire сензори не се погодни за средини со екстремна влажност, но имаат IP50 заштита од прашина. Тие се едноставни за употреба споредено со слични конкурентни модели. Тие имаат најмал дизајн и нудат мерења со екстремно високи забрзувања.
Корисни во различни апликации
Draw-wire сензорите за поместување од MT серија се идеални за тест апликации, особено кај тестови за судир, симулатори, и други тест уреди. Еден пример за апликација е лабораториско мерење на поместување при вибрации кај тркала од тест возила.
Тие паралелно се користат со решенија за намалување на вибрации и за анализа на различни патни услови. Тие даваат информација за брзина и забрзување на вибрации.

Други draw-wire сензори од Micro-Epsilon

Micro-Epsilon нуди 4 серии на draw-wire сензори:
- MT и MP серии за мерење на поместување со висока брзина кај апликации со брзи движења на жица
- MK серија за сериски индустриски апликации за надворешна или внатрешна употреба, како на пр.: мобилни машини, кранови, дигалки
- P серија до 50 m мерен опсег; достапни се аналогна варијанта со потенциометар, струен, или напонски излез; и дигитална варијанта со инкрементален или апсолутен енкодер
- Mechanics серија нуди лесна монтажа на инкрементален или апсолутен енкодер, и индивидуална селекција за тип на интерфејс, резолуција, и конекција
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!