Deep Learning камера за машински вид
Deep Learning камера за машински вид Cognex In-Sight D900 заедно со моќниот In-Sight ViDi софтвер овозможува брзо и лесно да одговорите на комплексни предизвици од Вашата производна линија. Со помош на длабоко учење (на анг.: Deep Learning ) може да препознавате оптички карактери, да проверувате инсталација на разни склопови, и да детектирате случајни дефекти во Вашите производи.
Deep Learning камера за комплексни проблеми
Deep Learning камерата In-Sight D900 ќе го подобри Вашиот квалитет, ќе елиминира дефекти од Вашето производство, и ќе ги намали Вашите производни трошоци. Со моќниот In-Sight ViDi софтвер, In-Sight D900 камерата е дизајнирана за апликации базирани на машинско учење.
Робусно решение вградено во компактна паметна камера, Вие може брзо и лесно да одговорите на комплексни предизвици. Со помош на длабоко учење, обезбедете точно и доверливо:
- препознавање на оптички карактери (OCR)
- проверка на инсталација на разни склопови
- детекција на случајни грешки или аномалии на Вашите производи
Високо ниво на контрола на производ
Поголема доверливост на финална контрола на квалитет на производ, и побрз процес на припрема на соодветни контролни софтверски решенија. Второто е особено погодно во случај на припрема на програма со традиционални алгоритми базирани на правила кое одзема многу време или е премногу сложено.
Може да поставите In-Sight ViDi апликации на Вашиот In-Sight D900 паметен уред без потреба од компјутер. Воспоставување на систем без програмерско знаење значи полесен пристап до машинско учење за сите. Камерата In-Sight D900 користи добро позната и едноставна In-Sight Spreadsheet платформа.
Deep Learning камера за OCR
Deep Learning камера In-Sight D900 може да детектира многу деформирани, искривени, и лошо испринтани или изгравирани кодови таму каде традиционалните OCR алатки не се погодни.
Камерата овозможува робусно препознавање на оптички карактери преку deep learning технологија научена на колекција од различни фонтови. Лесно може да додавате на новата колекција.
Со In-Sight ViDi Read алатката, може да постигнете одлично препознавање без додатно нагодување. Сè што треба да направите е дефинирање на ROI регион и сетирање на големина на карактер.
Deep Learning камера за контрола на склопови
Со In-Sight D900 deep learning камерата може доверливо да детектирате комплексни својства и објекти, и проверка на точно позиционирање на поединечни делови од склопови базирано на очекувана и предефинирана поставка.
Научете ги компонентите на In-Sight ViDi Check алатката и креирајте широка библиотека за контрола. Квалитетот на контрола не зависи од големината на снимениот објект и аголот на снимка.
In-Sight Spreadsheet корисничка околина
In-Sight ViDi софтверот заедно со интуитивната In-Sight Spreadsheet корисничка околина, Ви овозможува брзо да поставите deep learning апликации без програмерски вештини. Со голем избор на комуникациски и I/O карактеристики, In-Sight Spreadsheet околината го олеснува развојот на апликации и интеграцијата во постоечки системи.
Овозможува интеграција на традиционални Cognex алатки базирани на правила (како PatMax Redline), и нови deep learning алатки во заеднички проект. Ова го забрзува развојот, и осигурува конкурентна предност на сè подинамичните пазари.
HMI веб кориснички интерфејс
Системот In-Sight D900 е веб кориснички интерфејс за лесен поглед врз работата на системот и поставка на основни работни параметри, кој е лесно пристапен преку веб-прелистувач.
Ова овозможува лесен пристап до камерата од Вашиот паметен телефон од секое место во секое време.
Флексибилност на In-Sight D900 систем
Како и другите Cognex системи и сензори за машински вид, така и In-Sight D900 е екстремно флексибилен и исполнува стандарди со IP67 класа на заштита. Преку голем избор на додатоци и модуларна опрема како осветлување, леќи за автофокус или мануелен фокус, филтри и заштитни леќи, лесно може да го адаптирате системот на Вашата апликација.
Може да изберете меѓу 4 модели на deep learning камери од In-Sight D900 серија со 2.3 MP или 5 MP колор- или моносензори, и брзина меѓу 16 и 51 фрејмови по секунда. Gigabit мрежниот интерфејс овозможува брз податочен пренос и комуникација со неколку индустриски и други протоколи како: TCP / IP, Modbus TCP / IP, EtherNet / IP, PROFINET, итн. Достапни се и неколку дигитални I / O сигнали.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!