Индустриски Ethernet свичеви за сложени апликации
Богат избор на индустриски Ethernet свичеви од Antaira за ефикасна и доверлива автоматика во критично сложени апликации. Поставете доверлива Ethernet инфраструктура со проширена температурна толеранција и дизајн на куќиште за најсурови индустриски средини.
Олеснета автоматика, намалени трошоци
Побарувачката за индустриски Ethernet свичеви во индустриска автоматика сè повеќе расте. А индустриската автоматика доживува сè побрз светски бум последните години. Бројот на сензори, актуатори, контролери, и компјутери во еден проект континуирано расте.
Автоматиката достигна точка каде fieldbus комуникацијата стана неопходна. Ожичувањето од уред до уред ги зголемува трошоците и предизвикува многу инсталациони проблеми. Иднината на fieldbus комуникација е конекција на сите уреди со технологија која е веќе добро позната и користена во разни индустрии, т.е. EtherNet мрежен протокол како база во комбинација со fieldbus протоколи како ProfiNET, EtherCAT, Ethernet / IP …
Конфигурација по мерка
Компанијата ANTAIRA е свесна за побарувачката на пазарот за автоматика. Нивното богато портфолио на мрежна опрема вклучува и висококвалитетни индустриски Ethernet свичеви кои сè повеќе се користат за комуникација помеѓу уреди.
Богатиот избор на свичеви Ви овозможува да изберете конфигурација по мерка на Вашите специфични потреби.
Карактеристики на индустриски Ethernet свичеви
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!