Сигурен далечински пристап

Најновата верзија на SECOMEA софтвер за далечински пристап, како надградба на напредните карактеристики за пронаоѓање на Вашите уреди, сега Ви нуди највисоко ниво на сигурност при далечински пристап. Нивното решение ги надмина барањата на најновите сигурносни стандарди IEC62443-3-3  и  IEC62443-4-2, наменети за сигурна имплементација во индустриска автоматика и контролни системи. SECOMEA ги собори најновите Internet сигурносни закани, со цел заштита за Вас и Вашата мрежа од потенцијален неовластен пристап.

Заштита од сигурносни закани

Новата надградба на SECOMEA софтверот Ви обезбедува низа функционалности. Ви дава можност да го прегледате изворниот код и да го споредите со сите познати сигурносни закани (Common Vulnerabilities and Exposures – CVE). И SECOMEA ќе ги прегледа истите закани кои претставуваат потенцијален ризик. Така, систем администраторите и другите корисници имаат на располагање многу алатки за комплетна сигурносна контрола.

SECOMEA софтверот овозможува и лесно активирање или обнова на HTTPS сертификати за сигурност на сервер. Вообичаено за овој чекор е задолжен IT одделот, но сега тоа може да го направите со само еден клик. Протоколите за криптографија SSL и TLS не бараат претходно големо искуство или додатни трошоци.

SECOMEA далечински пристап комуникација

Сакате да набавите наши опрема?

Зачувајте податоци на cloud сервер

SECOMEA cloud сервер

Secomea доби многу барања за да зачува податоци директно на cloud сервер. Благодарение на барањата, тие развија SiteManager Embedded функционалност, и ја елиминираа потребата за додатен сервер од страна на корисникот и провајдерот на услуга.

Благодарение на SiteManager Embedded функционалноста, cloud серверот сега игра улога како EasyLog Master точка, која овозможува лесна конфигурација на статичка конекција, ефикасна контрола над податоци, и складирање на податоци.

Имплементирајте одлични карактеристики

SECOMEA досега понуди едноставен далечински пристап до конектирани уреди. Инженерите во компанијата сега додадоа нова функционалност кај LinkManager софтверот за автентикација на корисници преку SMS известување. Така поставија подлога за понатамошен развој на услуги по пат на SMS известување. Софтверот е, исто така, целосно компатибилен со најновата верзија на Windows 10 оперативен систем.

И LinkManager софтверското решение за Вашиот паметен уред е реновирано. Досега беше задолжителна VNC конекција преку апликација од трета страна, а сега оваа конекција автоматски се отвора во прелистувачот на Вашиот паметен уред. Друга одлична карактеристика е шифрирање на Вашата VNC конекција до далечинскиот уред.

Сакате да дознаете повеќе?

Secomea logo

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news