M12 конектори со пластична навртка
M12 конектори со пластична навртка од Escha олеснуваат комплексно конектирање благодарение на нивното колор кодирање. Нарачајте робусни и исплатливи навртки во 4 бои за сложени апликации каде улогата на доверливо колор кодирање е клучна.
Адаптабилни за сложени апликации
M12 конектори со пластични навртки од ESCHA ќе го олеснат Вашето менаџирање со комплексно конектирање. Навртките се моментално достапни во 4 бои. Поради тоа што се специјално адаптирани за сложени апликации, тие воглавно се користат во хемиска индустрија и во други корозивни средини кои се помалку или воопшто не се погодни за метални парчиња (на пр.: при користење на хемикалии во галвански постројки, хлор во водоводни системи, итн.). Во овие апликации, но и во многу други, важно е колор кодирањето.
Пластичните навртки ESCHA се неверојатно робусни, и имаат одлучувачка предност во однос на навртки од нерѓосувачки челик. Благодарение на нивниот уникатен дизајн, може да ги стегнете со рака или со вртлив клуч. IP67 и IP68 пластичните навртки се усогласени со IEC 61076-2-101 стандард.

Олеснета брза алокација или дистинкција

Достапни се црни, сиви, црвени, и сини колор кодирани пластични навртки на M12 конектори. Благодарение на различни бои, Вие може лесно да ги обележите конекторите за брза алокација или дистинкција, и превенција на грешки при инсталација и одржување.
За апликации со сензори, достапни се неколку варијанти на пинови (3-, 4-, 4 + PE-, 5-, 8-, 12-пински) со сите стандардни комбинации на M12 конектори, неколку варијанти на PVC и PUR кабли, вклучувајќи и кабли за роботика.
Бенефити со Escha пластични навртки
- Благодарение на висококвалитетна пластика, тие се отпорни на медиуми и температура
- Оптимални за примена во алатница за возила, и средини со присутна вода, кал, или масло
- Погодни за средини со екстремни температури: од -30 °C до +90 °C
- Лесно се чистат и одржуваат
- UV стабилизатори превенираат оформување на порозни или рапави површини

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!