Turck капацитивни сензори

Најновите Turck капацитивни сензори од BCT серија Ви дозволуваат за време на нивната работа лесно да го нагодите прекинувачкото растојание преку контролен систем. Лесна параметризација на сензорот преку клик на интегрираниот тастер!

Доверлива детекција на присуство и на ниво

Капацитивните сензори се користат во индустриска автоматика за детекција на присуство на објекти и на ниво на течности. Тие доверливо ги детектираат сите цврсти тела, течности, метали, и неметали. Тие се бесконтактни, и не се подложни на абење.

Мерниот опсег означува до кое растојание може да се детектира присуство на различни медиуми. Со помош на засилувач се нагодува мерниот опсег кој зависи од диелектричната константа на медиумот што се детектира. Може да се детектира и преку неметали, ако диелектричната константа на медиумот е доволно поголема од диелектричната константа на неметалот.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Посетете ја нашата B2B продавница

Стекнете предност со лесно нагодување

Лесно нагодување на прекинувачко растојание е главна предност на најновите Turck капацитивни сензори од BCT серија во однос на нивната конкуренција.

Кликот на интегриран тастер на сензорот овозможува флексибилна и лесна параметризација. Истото е возможно и преку teach адаптер или IO-Link интерфејс.

BCT серијата е достапна како класичен цилиндричен NC/NO прекинувач или како S18 и S30 верзии.

Кликнете тука за брошура

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Capacitive sensors BCT series Turck

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news