Turck фреквентен конвертер/бројач на импулси IMX12-FI со глобални Ex одобренија има двојна функција: следи брзина, и брои импулси. Може да изброи импулси до 20 kHz.
Напредна технологија
Turck го додаде флексибилниот IMX12-FI фреквентен конвертер/бројач на импулси со глобални Ex одобренија во асортиманот на IMX интерфејс уреди. И двете достапни варијанти (со еден канал и со два канали) имаат до 20,000 Hz фреквенција.
Следете повеќе параметри
Покрај испраќање на влезна фреквенција на аналоген излез, едноканалната варијанта IMX12-FI може да следи и лизгање, ротација во насока на стрелки на часовник/и обратно, или брзина под или над дозволена граница.
Корисникот може да дефинира и рамки на брзина за следење. Двоканалната варијанта испраќа одредени влезни импулси до соодветни аналогни излези. Уредот може да испраќа и разлика помеѓу две фреквенции на излез.
Моќни, адаптабилни, и лесно нагодливи
Може да го адаптирате IMX12-FI интерфејсот според барањата на Вашата апликација преку IO-Link или FDT Framework како PACTware. Може да работи активно или пасивно со 0/4…20 mA струја. Turck нуди варијанти со завртки или клеми, но и со или без монтажа за DIN шина.
IMX12-FI интерфејсот нуди и други бенефити од IMX серија: работен напон од 10 до 30 VDC, за работа во модули за соларна или ветерна енергија. Погоден е за safety струјно коло до SIL2 ниво, и исполнува строги EMC барања од процесна индустрија (NE21).
IMX12-FI интерфејсот нуди и највисока густина по канал на пазарот. Благодарение на одобренијата признаени ширум светот, овој уред им овозможува на корисниците најголема безбедност за нивната инвестиција.
Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!