Лесна конфигурација со IO-Link капацитивни сензори
Turck серијата на BCT капацитивни сензори со IO-Link ја олеснуваат конфигурацијата во сложени апликации и ја зголемуваат достапноста на постројката преку предвидливо одржување. Процесната вредност на сензорот може да биде прикажана преку Pactware софтверот или преку контролерот на Вашата машина.
Ви ја претставуваме BCT серијата од Turck
Серијата BCT на IO-Link капацитивни сензори од Turck ја поедноставува конфигурацијата дури и кај најсложените апликации. Овозможуваат мониторинг и дијагноза на контаминација кај сензорот. Многу важна карактеристика кога прав или друга нечистотија го покрива сензорот и го менува нивото на прекинувачка граница.
Сензорот лесно се конфигурира преку интегрираниот “Teach” тастер, teach-in адаптер, или IO-Link интерфејс. Функцијата овозможува побрза и поточна параметризација, и спречува неправилна поставка.
Имплементирајте предвидливо одржување
BCT серијата со IO-Link ги следи внатрешната температура и напон така што дозволува преглед на термичка преоптовареност на сензорот. Со тоа обезбедуваат индикација на веројатноста за дефект што Ви овозможува брза интервенција при критични вредности пред штетата да доведе до скап застој на постројката.
BCT капацитивните сензори имаат IP67 заштита. Достапни се 4 варијанти на сензори. Во специјално прелиена варијанта достапни се со M18 конектор со 5 mm прекинувачко растојание, и со M30 конектор со 10 mm прекинувачко растојание. Во непрелиени варијанти опсегот на сензорот е зголемен за 50%. Двете варијанти се достапни со или без “Teach” тастер.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!