Ethernet свичеви за стабилен ProfiNet
SPIDER III фамилијата од Hirschmann опфаќа исплатливи индустриски Ethernet мрежни свичеви за доверлив пренос на големи количини на податоци на било кое растојание. Имајте бенефит од plug-&-play капацитетот за брза инсталација, брзо пуштање во работа, и максимално ефикасно производство.
Доверливост во екстремни услови
Водечкиот производител на индустриска опрема за комуникација Hirschmann ја претставува Spider III фамилијата на исплатливи индустриски неменаџирани Ethernet свичеви. Тие се екстремно погодни за доверлива ProfiNet комуникација во екстремни услови. Усогласени со барањата на меѓународни сертификати и стандарди.
Серијата SPIDER III Standard Line е дизајнирана за работа во апликации каде нема потреба од менаџирани Ethernet свичеви. Гарантиран висок податочен пропусен опсег со Gigabit брзина, и фибероптички комуникациски опции (RJ45, DSC, ST, SFP) за долготрајна скалабилност. Малата димензија заштедува простор, а plug-&-play дизајнот овозможува брза и лесна инсталација. Преку ниската енергетска потрошувачка и PoE+ технологијата, оваа серија ги намалува целокупните трошоци за одржување, а го зголемува перформансот.
Издржливост во екстремни индустриски услови
Серијата SPIDER III Premium Line има побогата понуда на бенефити од серијата Standard Line. Оваа премиум серија нуди додатна конфигурациска функционалност типична за менаџирани свичеви.
Премиум серијата исполнува поширок опсег на меѓународни сертификати, стандарди, и одобренија за примена во поширок спектар на индустриски, или транспортни апликации. Меѓу останатите, тие се усогласени со PROFINET A класа, и ги исполнуваат барањата за работа во зона 2 во согласност со ATEX насоките.
Предности на SPIDER III Premium Line серија
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!