CoDeSys програмабилен контролер
Turck го претставува својот TBEN-PLC контролер со IP67 заштита и со CoDeSys 3 софтверски развоен систем за контрола на мали модуларни уреди. Робусниот компактен TBEN-PLC контролер овозможува имплементација на модуларни уреди во концептот на Индустрија 4.0 без потреба од електро ормар.
Монтирајте го TBEN-PLC надвор од Вашиот ормар
Благодарение на робусното куќиште и високата класа на заштита, TBEN-PLC контролерот може да го монтирате надвор од Вашиот електро ормар. Контролерот може да работи на температура од -40 °C до +70 °C, и во сурови работни услови каде прав, влага, и разни други типови на нечистотија се вообичаена појава.
Концептот на машини со кабелски склопови во автоматиката ги намалува трошоците за ожичување, и го олеснува пуштањето во работа. Децентрализираните решенија за инсталација на контролери и I/O модули надвор од електро ормарите заштедува време и пари паралелно.
Програмирајте го TBEN-PLC по Ваша мерка
Флексибилноста на новиот TBEN-PLC контролер се рефлектира во големиот број на комуникациски интерфејси.
Ако контролерот е конфигуриран како master модул, тогаш поддржува Modbus RTU, CANopen, и SAE J1939, покрај индустриските Ethernet протоколи: Profinet, EtherNet/IP, и Modbus TCP.
Сериските интерфејси RS232 и RS485 може да се користат со CoDeSys 3 софтверската околина. Контролерот содржи 8 универзални I/O канали за директна конекција на сензори и актуатори.
Произведувајте флексибилно
TBEN-PLC контролерот може да се конфигурира и како slave (одредени модели) во Ethernet мрежи: Profinet, EtherNet / IP, и Modbus TCP, но и Modbus RTU и CANopen мрежа, што овозможува негова употреба како конвертор на протоколи.
Исто така, контролерот може да биде и device manager вмрежен во CANopen, и истовремено да комуницира со модул кој користи Profinet протокол. Овој тип на контролер како дел од трендот на дигитализација во индустрија ни овозможува адаптација на постоечки хардвер концепти со барањата на вмрежено и флексибилно производство.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!