CFO колориметар од Micro-Epsilon

CFO колориметарот од Micro-Epsilon е контролер со висока точност, наменет за прецизно препознавање на боја кое надминува детекција од човечко око. Стекнете предност со нивната висока точност за боја, најсовремени интерфејси, и интуитивна работа.

Детекција на боја со екстремно висока точност

CFO колориметарот од Micro-Epsilon е контролер со висока точност, наменет за прецизно препознавање на боја кое надминува детекција од човечко око. CFO серијата се истакнува со висока точност за боја, најсовремени интерфејси, и интуитивна работа.

Идеален е за брзо, бесконтактно, и доверливо препознавање на боја (т.е: мерење на релативна боја) во областа на автоматика, контрола на производство, и контрола на квалитет на производ. Достапни се colorSENSOR CFO100 и colorSENSOR CFO200.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Карактеристики

CFO колориметар Micro-Epsilon

Контролер со IP65 класа на заштита има робусно алуминиумско куќиште. Работи на температура од -10 °C до +55 °C. Поради овозможениот пристап преку иновативен веб-интерфејс, колор сензорот е едноставен за употреба.

Конекцијата на сензорот до компјутер преку Ethernet интерфејс му овозможува на корисникот да избере меѓу голем број поставки, и пристап до графички приказ на мерни резултати.

Изберете совршена варијанта

CFO колор сензорите се истакнуваат со нивната висока точност за боја и модерен интерфејс за едноставна интеграција и интуитивна употреба. Соодветен CFS сензор со интегрирано оптичко влакно е конектиран со контролерот. Изборот на сензор и оптичко влакно зависи од мерната задача. Може да изберете:

Со аголна рефлексија за сјајни површини

За текстил, хартија, металик фарби

За проѕирни материјали

Со директна рефлексија за метал, пластика, слоеви

Повеќе карактеристики

ColorSENSOR CFO100 колориметарот се истакнува со: висока осветленост на LED извор (> 130 lm), висока точност, повторливост ∆E ≤ 0.5, и Ethernet и RS232 интерфејс. До 10 kHz брзина на мерење. Можност за зачувување до 256 бои од 6 групи на бои. Контрола на боја во L * a * b * / L * u * in * колор простор.

ColorSENSOR CFO200 колориметарот е има извор со една од највисоките осветленост во својата класа (> 220 lm), има висока точност, ∆E ≤ 0.3 повторливост, and Ethernet, RS232, и USB интерфејси. До 30 kHz брзина на мерење. Можност за зачувување до 320 бои од 254 групи на бои. Покрај мерење на релативна боја, може да ефективно да издвои материјали од слоеви меѓу кои има незабележителни разлики.

Апликации

Контрола на боја и интензитет на фарови, споредба на боја на индивидуални елементи на автомобил

Издвојување на компоненти според боја

Одредување на концентрација на лакови и фарби

Проверка на готов производ

Контрола на боја во производство на пластични PET шишиња, класификација на боја по лиење на пластика

Проверка на боја и ниво на течност, проверка на етикети на шишиња, проверка на внатрешноста на лименки според слоеви

Сакате да дознаете повеќе?

CFO colorimeters Micro-Epsilon

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news