Ласерски триангулациски сензор
Ласерски триангулациски сензор optoNCDT 1900 со неговата уникатна комбинација од робусност, брзина, и доверливост, гарантира оптимален перформанс за динамични и екстремно точни мерења, дури и на сложени површини.
Сензор од следна генерација
optoNCDT 1900 е најнов модел на Micro Epsilon ласерски триангулациски сензор. Креира напредни технички решенија од областа на автоматика, поготово за екстремно точни мерења или инспекција.
Иновативниот сензор optoNCDT 1900 може да се користи за динамички мерења на поместувања, растојание, и позиција во автоматика и роботика. Ќе имате уникатна комбинација од голема брзина, компактен дизајн, и прецизност. Интегриран контролер со висок перформанс гарантира брза и точна обработка и приказ на мерни вредности.
Точни мерења несензитивни на амбиентална светлина
Сензитивноста на ласерски триангулациски сензори на амбиентална светлина е значително намалена (до 50,000 лукс), што ги пласира на врвот во својата класа во поглед на отпорност на светлина. Со мерна фреквенција до 10 kHz, ќе имате екстремно брзи мерења.
optoNCDT 1900 користи напредни Advanced Surface Compensation алгоритми. Ова гарантира стабилни и доверливи мерења дури и на сложени површини.
Карактеристики на optoNCDT
- Мерен опсег (mm): 10 // 25 // 50, наскоро достапен и нов мерен опсег
- Линеарност од 2 µm (± 0.02% FSO)
- Нагодлива мерна фреквенција до 10 kHz
- Аналогни (4… 20 mA; 0 (5 V / 0 (10 V), и дигитални излези
- Дигитални интерфејси (RS422 / 18 бит)
- PROFINET / EtherNet / IP интерфејс модул
- За оптимизација на сигнали, мерните вредности усреднети на две нивоа овозможуваат многу стабилни и точни мерења, дури и на рабови и чекори (± 0.02%).
Брза и лесна инсталација
Нов патентиран концепт за монтажа овозможува точно и повторливо да го позиционирате optoNCDT 1900 ласерскиот триангулациски сензор. Монтажата на сензорот преку вградени ракави автоматски го подредува сензорот на идеална мерна позиција. Ова овозможува лесна замена на сензорот за уште поголема точност на мерења.
Благодарение на мали димензии (70 x 31 x 45 mm), лесно и стабилно алуминиумско куќиште, овој ласерски триангулациски сензор може да се инсталира во средини со ограничен простор. Сензорот има IP67 класа на заштита.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!