Високопрецизни жичани сензори

Micro-Epsilon жичаните сензори мерат линеарни поместувања користејќи високофлексибилна челична жица. Висока прецизност и голем динамички опсег се главни карактеристики на овие сензори. Нивниот квалитет е најдобра гаранција за нивниот долг работен век и висока оперативна доверливост.

Робусни и универзални

Micro-Epsilon жичаните сензори за поместувања мерат линеарно движење користејќи високофлексибилна челична жица. Кабелскиот барабан е прицврстен за елемент на сензорот кој генерира излезен сигнал пропорционален на поместувањето. Сензорот дава мерни резултати со висока точност и висок динамички одѕив.

Специјалната MK серија е комбинација од минијатурен дизајн, голем мерен опсег, робусност, и ниска цена. Гарантирано најдобар сооднос цена/квалитет во својата класа. Употребата на премиум материјали гарантира долг работен век и висока оперативна доверливост. Мерниот опсег и прецизноста на сензорите може лесно да се прилагодат по мерка на Вашите барања.

Достапните модели од MK серија се погодни за многу апликации, меѓу кои: мерење на висина на лифтни табли, на растојание на лифтови за автомобили или лифтни платформи, итн.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Посетете ја нашата B2B продавница

Карактеристики на жичани сензори

напречен пресек Micro-Epsilon MK серија

Моделите од MK серија имаат фаворизиран сооднос големина/мерен опсег. Тие се погодни за интеграција во ограничен простор за инсталација.

Тие се користат во апликации со голем мерен опсег, и тоа од 50 mm до 50,000 mm. Тие може да постигнат линеарност до 0.05% од мерниот опсег.

Достапни се бројни модели на различни жичани сензори за поместување со различен тип на излезен сигнал. Аналогните модели имаат струен или отпорнички излез. Достапен е инкрементален енкодерски излез за дигиталните модели.

Кликнете тука за брошура

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

draw-wire sensor Micro-Epsilon MK series

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news