Сензори за 3D snapshot мерења
Голем избор на сензори за 3D snapshot мерења со висок перформанс од Micro-Epsilon се наменети за автоматизирана инспекција на геометрија, форма, и површини на дифузно рефлектирачки објекти. Екстремно висока резолуција, повторливост, голем мерен опсег, и сеопфатен софтверски развој и интеграциски алатки за зголемена продуктивност!
Сензори за 3D snapshot мерења од нова генерација
Претходно, 3D слика се снимала со серија од 2D профили што значи дека требало да се чека да бидат снимени индивидуални профили пред процесирање на 3D точки. Micro-Epsilon, водечки светски производител на решенија воведе нов асортиман на сензори за 3D snapshot мерења со висока прецизност.
Овие сензори снимаат податоци со еден удар. Тие се погодни за автоматизирани мерења на квалитет на геометрија, форма, и површина на објекти.
Екстремно висока резолуција
surfaceCONTROL 3D 3500 е компактен 3D snapshot сензор со екстремно висока резолуција по Z-оска (од 1.0 µm), и повторливост до 0.4 µm.
Поради високиот перформанс, сензорот е способен доверливо да детектира дури и најминимални девијации во рамнина, како на пр. разлики во висина на IC пинови на PCB плочки. Сензорот може да ја зголеми продуктивноста во соодветни апликации како резултат на голема брзина до 2.2 милиони 3D точки.
Работен принцип
surfaceCONTROL 3D 3500 сензорот работи на принцип на оптичка триангулација базирана на маргинална проекција за директни 3D мерења на компоненти. Секвенца од шаблони е проектирана на површина на таргет објект преку матричен проектор. Две камери од две страни на проектор гледаат и снимаат светлина од шаблоните. Од снимената секвенца на слики, генерирана е 3D површина на таргет објект.
Достапни се два модели на surfaceCONTROL 3D 3500, така што секој нуди различен мерен опсег и длабочина на поле. Тие се целосно интегрирани индустриски сензори со IP67 класа на заштита со пасивно ладење. Достапно е и активно ладење за повисоки температури.
3D snapshot сензори за бројни апликации
Сензорот е погоден за широк спектар на апликации:
- 3D мерења со висока прецизност на механички парчиња
- мерење на ширина, агол на накосување, и позиција на навртки
- детекција на дефекти на површини
- инспекција на рамнина на PCB плочки
- рамнинска инспекција на PCB супстрати со мала густина
- детекција и евалуација на прекини на спојни дискови
- проверка на комплетираност на електронски компоненти на PCB плочки
Лесна софтверска интеграција
surfaceCONTROL 3D snapshot сензор поддржува најнови GigE Vision и GenICam стандарди за лесна интеграција во друг софтвер. Клиентите може да развијат сопствен софтвер за анализа преку SDK комплет.
Системските интегратори имаат бенефит затоа што може да пристапат до сите GenICam параметри, и полесна софтверска интеграција. Во некои апликации, времето на циклус на процес може да се пресмета врз база на приказа на мерено времетраење.
Реални 3D податоци без загуба
3DInspect софтверот од Micro-Epsilon е моќна алатка за сетирање на параметри и индустриски мерни задачи со SC3510 модел. Софтверот е вклучен во доставата. Пренесува мерни податоци од сензор преку Ethernet во 3D форма.
3DInspect мерните програми евалуираат и проценуваат 3D податоци, и по потреба ги логираат и пренесуваат преку Ethernet до контролна единица. Сензорот нуди и дополнителен дигитален I/O интерфејс. Опционални 2D/3D gateway модули нудат EtherNet/IP, PROFINET, и EtherCAT конекции за пренос на мерна вредност.
DefMap3D за анализа на површини
DefMap3D е софтверско решение за детекција и анализа на дефекти на површини. Не е вклучен во стандардната достава. Ги опфаќа сите компоненти и процеси потребни за сетирање, конфигурација, и евалуација на задачи за инспекција.
Вклучени се многу карактеристики меѓу кои мерење на мали серии, анализа на индивидуални парчиња, и роботски поддржана инспекција на повеќе мерни полиња. Пресметки на 3D точки, сензорска контрола, и детекција на дефекти може да бидат автоматизирани преку микро команди.
Subscribe to our newsletter!