Индустриски интерферометар
Индустриски интерферометар со бела светлина од Micro-Epsilon Ви овозможува бесконтактно да мерите минимално растојание и дебелина во сложени индустриски апликации.
Бесконтактно мерење растојание и дебелина
За сложени индустриски апликации
Индустриски интерферометар со бела светлина од Micro-Epsilon е најточниот оптички мерен систем. Micro-Epsilon е лидер за напредни мерни решенија од областа на автоматика, особено таму каде што се потребни екстремно точни мерења или анализи.
Интерферометарот може да се користи во индустрија за мерење на растојание и дебелина во опсег под нанометар, дури и за <30 pm. Покрај исклучителна точност, може да се потпрете и на стабилност на изведени мерења.
Робусност и флексибилност
Индустрискиот интерферометар содржи робусен сензор, флексибилен оптички кабел, и контролер во алуминиумско куќиште кое може да биде монтирано на DIN преграда.
Контролерот може активно и стабилно да компензира за промени во амбиентална температура. Така, може да се користи и во сложени температурни услови.
Должината на кабелот до 20 m овозможува просторно одделување меѓу сензорот и контролерот.
Едноставна инсталација
Micro-Epsilon решенијата Ви даваат голем избор на конфигурации кои лесно може да ги направите преку веб интерфејс.
За оптимална интеграција на интерферометарот во уреди и системи, достапен е широк спектар на интерфејси:
- дигитални интерфејси (Ethernet / EtherCAT / RS422)
- енкодер конекции
- аналогни излези
- дигитални I / O
Изберете го потребниот модел
Достапни се 3 модели на интерферометри за различни апликации, 2 за мерење на растојание и 1 за мерење на дебелина.
Од областа на индустриска автоматика, може да изберете интерферометар со бела светлина за апликации во производство каде Ви треба највисоко ниво на точност. Ќе Ви се најде во производство на полупроводници, тенки филмови, екрани, LED, и стакло.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!