Термална камера Micro-Epsilon
Сè додека не се измисли ефективен лек за борба против COVID-19 вирусот, треба да се преземат различни мерки кои ќе спречат пренос на вирусот меѓу луѓето и брзо ширење на инфекција. Уредите кои може ефективно да идентификуваат инфицирани и болни луѓе играат важна улога. Еден од симптомите на болеста е температура која може да биде измерена со бесконтактна камера thermoIMAGER, од Micro-Epsilon.
Бесконтактно мерење температура на тело
Многу години претходно, научни истражувања ја потврдија можноста за детекција на температура преку бесконтактно мерење на фацијална температура со термална камера. Од 6-те мерни зони околу окото, докажано е дека зоната кај внатрешниот агол од окото е најпогодна за проверка на температурата на телото.
Брзо бесконтактно мерење овозможува голем проток на луѓе во текот на мерењето, а дополнителна потврда за измерената температура со друг топломер потребна е само во случај на високо измерена температура.
Брза детекција на температура во време на пандемија
TIM QVGA-HD-T100 термалната камера е наменета за брз скрининг со цел детекција на температура во време на инфекција. Термалната камера мери температура на тело со оптичка резолуција од 382 x 288 пиксели и температура од 20 °C до 100 °C.
Достапни се 3 леќи кои овозможуваат проверка само на еден човек или група на луѓе. Континуираната калибрација на термалната камера со помош на TM-BR20AR-TIM референтен модул овозможува мерења со висока точност, до ± 0.5 °C.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!