Бесконтактен сензор за дебелина

Моделот thicknessSENSOR од Micro-Epsilon е наменет за бесконтактно мерење на дебелина на метали, пластика, или друг лимен материјал.

Бесконтактен thicknessSENSOR

Благодарение на неговите екстремно компактни димензии, моделот thicknessSENSOR на сензор за дебелина од Micro-Epsilon може лесно да се интегрира во ограничен простор за инсталација.

Системот е составен од 2 сензори за поместување кои се еден спроти друг фиксирани во рамка. Двата спротивни сензори го мерат таргет објектот од двете страни. Дебелината на материјалот е измерена по принципот на разлика, а пресметана преку интегрирана единица за евалуација. Мерните вредности може да бидат пренесени како аналоген струен или напонски излез, или како дигитален излез преку Ethernet.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Карактеристики

Бесконтактен сензор дебелина Micro-Epsilon

ThicknessSENSOR претставува влез во светот на мерни системи за дебелина. Сензорот мери дебелина со точност и до 10 µm, така што е поставен помеѓу уреди со најдобар сооднос цена/квалитет.

Интуитивниот веб интерфејс на новиот модел thicknessSENSOR гарантира уникатно лесна употреба која му овозможува на корисникот да вчита индивидуална конфигурација за соодветната мерна задача. До 8 индивидуални кориснички конфигурации може да бидат меморирани и експортирани преку setup management функцијата.

Мерете многу прецизно

Моделот thicknessSENSOR користи најнова генерација на ILD1420 ласерски сензори со екстремно мала црвена ласерска точкаста светлина. Тие мерат со брзина и до 4000 мерења во секунда, а имаат напредна анализа на ласерска рефлексија.

Сето тоа овозможува многу прецизни мерења особено во случај на мерни таргет објекти со сложена површина (транспарентна, екстремно рефлективна).

Micro-Epsilon софтверска анализа

Сакате да дознаете повеќе?

Contactless thickness sensor Micro-Epsilon

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news