Робусни свичеви – до 26 портови

SPIDER III Premium Line е серија на unmanaged индустриски Ethernet свичеви од Hirschmann. Достапни со 16 или 26 портови. Premium Line серијата е идеално решение за прифатлива, висококвалитетна, и доверлива работа на Вашата индустриска мрежа.

Корисни во секоја апликација

Вие може лесно да го конфигурирате SPIDER III Premium Line свичот според потребите на Вашата апликација. Конфигурирајте до 26 портови (24 x RJ45 и 2 x SFP мрежни приклучоци) за исплатлива “ѕвезда” топологија. Покрај голем број на портови, свичот промовира и други робусни карактеристики и широк спектар на конкретни оперативни стандарди.

Со голем број на портови, робусни карактеристики, и значајни сертификати, овие премиум свичеви се не само идеални за производство и механизација, туку и за повеќе нови апликации меѓу кои и транспорт. Инженерите ја усовршија Premium Line серијата која е усогласена со ProfiNet class A, и која доверливо работи во Зона 2 според ATEX насоките.

SPIDER Premium Line мрежен свич Hirschmann

Сакате да набавите наши опрема?

Посетете ја нашата B2B продавница

Клучни предности

SPIDER Premium Line мрежен свич Hirschmann апликации

QoS функцијата доделува достапен пропусен опсег на приоритетни протоколи или корисници кои се клучни за работа на системот. Оваа функција го прави свичот погоден за ProfiNet CC-A усогласени апликации.

Преку механизам за спречување на мрежна јамка (Broadcast Storm), уредот го лимитира мрежниот сообраќај во момент кога системот е континуирано затрупан со прекумерен сообраќај. Механизмот спречува системот да пропадне.

Автоматска конфигурација на соодветни EtherNet параметри на конектирани уреди (Auto-Negotiation, Speed, Duplex режими) која спречува несоодветна работа поради неисправна поставка (duplex несовпаѓање)

Отпорност на екстремни индустриски услови благодарение на армирано метално куќиште.

  • До 26 конфигурабилни портови (24 * RJ45 и 2 * SFP)
  • Конфигурација преку USB
  • Индивидуална on/off поставка на порт
  • Дупло напојување
  • Индивидуална контрола на статус на порт
  • Енергетска заштеда на Физичко ниво (OSI модел) кога нема податочен пренос

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

SPIDER Premium Line Switches Hirschmann

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news