NAMUR изолациони засилувачи IMX12

Turck изолационен прекинувачки засилувачки NAMUR уред од IMX12 серија е нова генерација на Ex изолациони бариери и Ex изолатори со аналоген сигнал. Тие се дизајнирани за експлозивни атмосфери (ATEX) според најнови безбедносни насоки за технологија на изолирани сигнали и функционална безбедност (SIL). Сите уреди се индивидуално тестирани и одобрени согласно важни меѓународни Ex стандарди.

Погледнете ги нивните предности

Нивното 12.5 mm тенко компактно куќиште нуди максимална густина на сигнал. Тоа сега овозможува имплементација на 2-канални засилувачи за мерење на температура во 4-жилни PT100 кола преку до четири 2-полни терминали – секој на опасната Ex и на безбедната страна.

IMX12-DI изолациониот прекинувачки засилувач нуди максимална брзина. И влезна фреквенција која претходно била резервирана за специјални фреквентни преобразувачи, може да биде доверливо пренесена. Оптималниот пренос на мерни вредности и до 15,000 Hz овозможува прецизно мерење без негативно влијание врз обработката на сигналот.

Новиот дизајн на IMX12-AI Ex изолаторот со аналоген сигнал го намалува негативното влијание на флуктуациите во температура или напон. Влијанието на овој интерфејс уред врз целокупниот перформанс на комплетното мерно коло е значително помало од вообичаено.

IMX12 уредите може беспрекорно да се користат во опсег од 10- до 30 VDC. Тоа отвора нови можности, како на пр., за напојување со батерија или со фотоволтаици.

Кликнете тука за брошура
IMX12 модели

Сакате да набавите наши Ex опрема?

Посетете ја нашата B2B продавница

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news