Точен draw-wire сензор по ниска цена

Моделот WPS-MK88 на draw-wire сензор од Micro-Epsilon е специјално дизајниран за сериски апликации со голем број на парчиња во низа. Користете го за точно мерење на растојание, додека штедите на пари и простор.

Компактен, доверлив, и исплатлив

Сензорот има цврсто робусно пластично куќиште со IP65 заштита. Висококвалитетните компоненти на сензорот гарантираат долг работен век.

Сензорот е достапен со: 2300 mm, 3500 mm, и 5000 mm мерен опсег, квазибесконечна резолуција, и 0.15% линеарност во најдобар случај.

Достапни се дигитални варијанти со инкрементален или апсолутен енкодер, и аналогни варијанти со потенциометар, со струен или напонски излез.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Намалени трошоци во производство

Draw wire сензор Micro-Epsilon MK88 модел апликација

Сите Micro-Epsilon draw-wire сензори користат екстра флексибилно челично јаже за мерење на линеарно поместување. Челичното јаже се наоѓа во барабан кој е конектиран со сензор кој генерира излезен сигнал во зависност од позицијата на јажето. Динамичките мерења се екстремно точни.

Моделот MK88 е специјално дизајниран за мобилни апликации во серии како мобилни кранови или мобилни работни платформи. Моделот MK88 е уникатна комбинација од компактна димензија, робусен дизајн, и одличен сооднос мерен опсег/цена. Моделот има потенцијал значително да ги намали Вашите трошоци во производство.

Дизајниран за широк спектар на апликации

MK88 серијата на draw-wire сензор најчесто се користи во апликации каде се мерат долги растојанија, типично од 50 cm до 50 m. Растојанието помеѓу контактите е повеќе од 3 mm, така што е во согласност со IEC 60335-1 стандардот.

Може да го користите и во:

  • апликации за контрола на позиција на елеватори (дигалки за коли, лифтови, карго елеватори)
  • медицина (позиција на оперативна маса, позиција на X-ray глава за време на снимање)
  • лабораториски мерења на разни висечки мостови и други структури, или градежни температурни пукнатини
MK88 технички нацрт

Сакате да дознаете повеќе?

draw wire sensor Micro-Epsilon MK88

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news