Turck сензори за паметни решенија
Turck сензорите кои гарантираат континуиран проток на информации дури и од најмала единица на автоматика, станаа неизоставни паметни решенија за Индустрија 4.0 и IIoT. Ако сакате комбинација од робусност и прецизност, лесна поставка и стартување, и имплементација во многу апликации преку IO-Link, Turck сензорите се вистински избор!
Оптимални решенија за Вашата апликација
Мерење на позиција или растојание, детекција на објекти или флуиди – ретко да постои задача од автоматика за која не е погоден Turck сензорот. Покрај робусност и прецизност, може да имплементираат и во многу апликации преку IO-Link.
Лесна параметризација и пуштање во работа, читање на дополнителни податоци како прекинувачки циклус или температура, и континуиран проток на информации и од најмала единица на автоматизација – вака Turck сензорите станаа паметни решенија за Индустрија 4.0 и IIoT.
Прецизно мерење на позиција и растојание
Без разлика дали опсег од неколку милиметри или стотици метри – Turck нуди вистинско решение за мерење на позиција и растојание. Голема прецизност, апсолутен дизајн отпорен на абење, и максимална робусност за бројни задачи.
Нивното портфолио вклучува индуктивни и фотосензори, но и ултразвучни, радарски, и сензори за линеарна позиција. Достапни се и енкодери за мерење на аголна позиција и ротационо движење.
Паметна детекција на објекти
Бесконтактни и прецизни сензори од Turck детектираат различни објекти како дрво, хартија, метал, течност, гранули, или перманентни магнети. Во зависност од бараниот опсег и надворешни услови, индуктивни, капацитивни, или магнетни сензори може да се идеални за Вас. Фотосензорите и ултразвучните сензори ги покажуваат нивните предности на поголемо растојание.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!