Индустриски чекорни мотори и EtherCAT драјвови
Чекорни мотори и EtherCAT драјвови од R.T.A. се идеална комбинација за доверлив погон на индустриски мотори. Достапни се разни модели на чекорни мотори, моторни драјвови, и комбинирани единици на чекорен мотор со EtherCAT драјв.
EtherCAT за брза и доверлива работа
EtherCAT драјвовите комуницираат со други уреди преку EtherCAT протокол за брза и доверлива работа. Овој протокол бил развиен за конекција на уреди во автоматика и индустрија со доволно голема брзина за конекција и на I/O единици и системи за движење.
EtherCAT драјвовите работат во различни работни режими, како на пр.: Profile Position (PP) и Cyclic Synchronous Position (CSP). Тие може да водат чекорни мотори со или без енкодер, во затворена или отворена јамка. Тие имаат и вградени I/O единици. Драјвовите користат напон од 24 VDC до 230 VAC, во зависност од димензиите на чекорниот мотор.

Голем избор на индустриски чекорни мотори
Индустриски чекорни мотори дизајнирани за употреба во сурови индустриски средини. Овие мотори имаат робусно куќиште и робусни M12 конектори. M12 конектори се употребуваат за конекција на чекорни мотори и за енкодер. Енкодерите имаат резолуција од 400 cpr или 4000 cpr, со или без индексен сигнал.
Изберете вистински индустриски чекорен мотор за Вашата апликација:

All-in-one чекорен мотор и EtherCAT драјв

Комбинираната единици интегрира чекорен мотор со енкодер и EtherCAT драјв.
Системот е компактен, драјвот се наоѓа во метално куќиште монтирано на чекорниот мотор. Овој драјв има исти функционалности како и стандарден EtherCAT драјв.
Системот е дизајниран за понапредни апликации кои треба да детектираат загубена синхронизација на моторот. Има и електронско решение за поглатка работа на самиот драјв.
Бенефити со EtherCAT
EtherCAT is брза, доверлива, едноставна, флексибилна, и пристаплива комуникациска технологија погодна за употреба во индустриски апликации.
Поради тоа што е стандардизирана open source технологија, секој може да ја имплементира.
Развојот на EtherCAT е обезбеден од EtherCAT Technology Group.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!