Blaze камери за 3D машински вид
Basler blaze камерите за 3D машински вид се втора генерација на универзални корисни и екстремно прецизни 3D камери. Тие овозможуваат да снимите 3D слики од Вашата апликација во реално време, ги намалуваат Вашите вкупни системски трошоци, и поефикасен дизајн на Вашите 3D апликации.
3D камери за машински вид
Со најновата Sony DepthSense deep ToF технологија на сензори, GigE интерфејс, и VGA резолуција, Basler blaze е погодна за лоцирање на разни објекти во просторот, мерење на волумен, и детекција на пречки.
Камерата може да се користи во разни индустриски средини.
Time-of-Flight метод
Basler blaze работи на принцип на мерење на време на светлина (ToF – time-of-flight), преку технологија со ласерски диоди VCSEL во NIR спектар на светлина со 940 nm бранова должина.
Така, камерата е погодна за висококвалитетни 3D слики дури и во околина осветлена со природна светлина. Камерата е и несензитивна на контраст. ToF мери време на изминат пат на светлина од изворот на светлина на камерата до таргет објектот и назад до сензорот на камера. Колку е поголемо растојанието, толку е поголемо и времето.
3D камери погодни за сите апликации
Basler blaze 3D камера е погодна за разни задачи од индустриска автоматика, логистика, и медицина. Со компактно и робусно куќиште, идеална е и за инсталација во автономни возила и мобилни роботи за цели на навигација, заобиколување на пречки, и скенирање на околина.
Со вградени леќи и невидлива осветленост, Basler blaze е компактна единица со IP67 класа на заштита која не содржи движечки компоненти. Благодарение на мала тежина, идеална е за инсталација во роботска рака.
Едноставна интеграција
Gigabit GigE податочен интерфејс и софтверски интерфејс независен од платформа овозможува едноставна интеграција во разни индустриски системи и во системи со повеќе камери.
Интеграцијата е уште поедноставна со достапните бесплатни примери за програмирање.
Камерата поддржува и GigE Vision и GenICam стандарди.
Работен принцип
Камерата има капацитет да сними слики кои содржат информација за растојание, интензитет, и доверливо ниво од мерења. Истовремено, може да сними и обработи 3D точки и 2D слики во реално време со брзина од 30 слики по секунда без да го оптовари процесорот на таргет системот или компјутерот.
Интегрираниот Sony DepthSense IMX556PLR-C сензор со CAPD (Current Assisted Photonic Demodulator) структура заедно со CMOS сензор овозможува точна детекција на објекти со резолуција 640 x 480 пиксели и милиметарска точност до 10 метри. Мерниот опсег е погоден и за апликации со поголеми објекти, како 2 европски палети па дури и помал автомобил.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!