Индуктивен пар за IO-Link сигнали
Turck индуктивен пар овозможува бесконтактен пренос на IO-Link контролни сигнали, и на моќност. NIC парот е идеална замена во апликации каде контактни елементи (лизгачки прстени, четкици…) се подложни на абење за разлика од NIC парот. Индуктивниот пар е составен од примарен дел на контролната страна, и секундарен дел на страна од сензорот.
Конекција со IO-Link модул
Ако примарниот дел е конектиран со IO-Link master модул, тогаш може да настапи двонасочна комуникација помеѓу IO-Link сензорот и master модулот. Во комбинација со Turck TBIL IO-Link hub уредот, може да се идентификува типот на заменета алатка од робот, така што операторот го праќа својот ID број до контролерот преку IO-Link.
Индуктивниот пар во комбинација со IO-Link дистрибутерот овозможува пренос до 8 pnp прекинувачки сигнали со 0.5 А струја или 12 W излезна моќност на 7 mm растојание.
Решение за типични апликации
Индуктивниот пар се користи во типични апликации на системи за железнички сообраќај, запчаници, и валјаци.
Тие може да се користат и таму каде е потребна голема брзина или краток временски циклус, како на пр.: координатни машини или роботски запчаници. Нивниот секундарен дел започнува со работа во рок од 10 ms.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!