Индустриски безжичен пристап
Уредот BAT867-R од Hirschmann за индустриски безжичен пристап е дизајниран за брз и доверлив безжичен податочен пренос. Користете го овој најбрз безжичен уред од портфолиото на Belden кога Вашиот простор и буџет се ограничени. Прифатлив по атрактивна цена!
Сигурен и брз безжичен податочен пренос
Уредот BAT867-R од Hirschmann поддржува IEEE 802.11ac податочни стапки така што може да предава податоци до 867 мегабити по секунда (Mbps). Овој факт го прави најбрз безжичен уред од портфолиото на Belden.
Робусното метално куќиште надминува многу индустриски стандарди, и придонесува BAT867-R да биде идеален избор за многу апликации во сурови индустриски услови.
Атрактивната цена го прави уредот прифатлив за многу корисници. Благодарение на робусен дизајн и компактни димензии, BAT867-R е идеален таму каде што просторот и буџетот се ограничени. Така, уредот е неопходен избор за безжичен податочен пренос во дискретна автоматика.
Гарантирана сигурност
Пристапот до функции за менаџмент, редундантност, и сигурност од HiLCOS оперативниот систем на Hirschmann ќе Ви понуди напредна контрола преку безжична мрежа и нејзини сигурни поставки. Тоа овозможува едноставен дизајн на индустриска безжична мрежа по мерка на Вашите потреби.
За поголем степен на сигурност при неовластен пристап, ние Ви препорачуваме да го конектирате Вашиот BAT867-R уред со индустриска firewall заштита. Исто така, може да го конектирате и со SECOMEA софтвер за поедноставен далечински пристап до конектирани уреди без разлика на нивната локација.
Карактеристики
- Оптимален цена/перформанс сооднос
- Податочен пренос до 867 Mbps (IEEE 802.11ac), и до 300 Mbps (IEEE 802.11n)
- Поддржува дуален пропусен опсег (2.4 или 5 GHz)
- 2 x MIMO антена за сигурен безжичен сигнал
- HiLCOS оперативен систем за напредна контрола
- Монтажа на DIN шина
- Работна температура: -10 ° C до +60 ° C
- Метално куќиште, со IP40 класа на заштита
- Над стандардите, погоден за сите апликации
- Ethernet RJ45 порт
- 24 V DC напојување
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!