Индустриски LED светилки од Sangel

Индустриските LED светилки од Sangel исполнуваат високи барања меѓу кои: точност на боја, класи на заштита, моќност, покриеност… Тие точно одговараат на структурните услови, и доверливо снабдуваат висококвалитетна светлина на долг период. Гарантирано јасна видливост на Вашето работно место!

Изберете совршено решение за Вашите потреби

Ние во Типтех сме свесни колку многу значи оптимално осветление во погон, на постројка, и генерално на Вашето работно место. За таа цел во нашето портфолио додадовме квалитетни производи од SANGEL Systemtechnik GmbH, германскиот експерт за индустриски LED светилки.

Нивните индустриски LED светилки се базираат на софистицирана технологија, внимателно избрани концепти, и највисоки стандарди за квалитет.

Кликнете тука за каталог

Сакате да набавите наши Други уреди за автоматика?

Посетете ја нашата B2B продавница

Гарантирано долготрајна работа

Sangel индустриски LED светилки

Како резултат од довербата во квалитетот на своите LED светилки, SANGEL Systemtechnik гарантира работен век од 60,000 часови на амбиентална температура помеѓу -20 °C и +70 °C. За време на традиционални 3 работни смени, Вашите машини или Вашето работно место ќе бидат осветлени во следните 9.6 години.

Sangel употребува алуминиумско куќиште во нивната понуда на вградливи светилки и на монтажни светилки кое нуди висока издржливост и топлотен менаџмент. Преку класи на заштита од IP40 до IP69K во комбинација со употреба на хемиски отпорни материјали и лепила, овие светилки имаат заштита од прашина и од јаки хемиски средства.

Висока репродукција на боја

Во случај на ниска репродукција на боја, боите може да бидат измешани (на пр.: црвена со кафена). Преку континуиран развој на LED светилки, Sangel успеа да се доближи до совршена репродукција на боја која Ви овозможува лесно распознавање меѓу сите нијанси на бои.

Тие комбинираат бели LED диоди со RGB чипови кои се избрани врз база на нивната ниска толеранција која резултира со минимална распространетост на светлосна температура и обезбедува оптимална дистрибуција на светлина. Компанијата гарантира секоја индустриска LED светилка од една серија да има исто ниво на осветленост.

Sangel индустриски LED светилки

Осветлете ја секоја Ваша апликација

варијанти LED светилки

LED светилките од Sangel Systemtechnik имаат до 400% поголема енергетска ефикасност во споредба со нивната конкуренција. Компанијата користи заштитна обвивка од различни материјали. Тоа овозможува да изберете оптимално решение по мерка на потребите на Вашата работна околина.

Производителот нуди индустриски LED светилки со агол од 120 степени кој може да биде намален до 60 степени или 30 степени. Достапни се и разни системи за монтажа на светилките.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Sangel LED industrial luminaires

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news