Потпорни раце и контролни панели
Потпорни раце и контролни панели од Teknokol сега достапни и во Типтех.
Потпорни раце – потпора за Вашите системи
Потпорни раце и контролни панели од Teknokol сега достапни и во Типтех. Новата линија на производи се истакнува со врвен квалитет, модерен и ергономски дизајн. Овие карактеристики гарантираат висока безбедност и едноставна употреба.
Секој систем е изграден од модуларни компоненти, што овозможува конкретна системска конфигурација за секоја апликација. Сите панел компјутери од Axiomtek се компатибилни со опремата од Teknokol.
Изберете меѓу различни опции за монтажа
Потпорните раце се погодни за секој вид на товар и должина на лост. Преку голем избор на фиксни и ротациони спојки, може да адаптирате конфигурации според потребите на Вашата апликација.
Модуларни решенија се компатибилни со сите системи, user-friendly поради ергономскиот дизајн, и доверливи поради врвниот квалитет.
Лесно ракување со машини
Контролните панели се интегрален дел на машините и автоматизираните производни линии. Вообичаено, тие се интерфејс меѓу човекот и машината. Ергономските системи го олеснуваат ракувањето на операторите и гарантираат максимална безбедност на работно место.
Со IP65 класа на заштита, ормарот ја штити контролната електроника од надворешни влијанија и неовалстени интерференции.
Спојни кули
Спојните кули се решение таму каде потпорните раце не се погодни. Кулите се достапни од 2 до 3 m висина со профили со димензии 150x150mm или 200x200mm. Може да ги скриете каблите во профилите, што овозможува средена и безбедна средина.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!