Модуларниот контролен I/O систем Yaskawa Vipa SLIO е вистински избор за секој кој бара еден од најефективните и модерни децентрализирани I/O системи достапни на пазарот. Комбинација од висока функционалност и паметен механички концепт во екстремно компактен дизајн за поедноставна и поекономична реализација на скоро секое решение за автоматика!
Брза и лесна контрола на напредни апликации
Модуларниот YASKAWA Vipa SLIO I /O контролен систем е исплатлив и моќен систем за контролни апликации во индустриска автоматика. Со овој модуларен систем може да го реализирате скоро секое решение – поедноставно и поекономично.
Комбинацијата на SLIO CPUs и SLIO интерфејс кој поддржува до 64 електронски модули на SLIO магистрала, може да креирате голем децентрализиран систем.
Модуларниот SLIO комбинира многу предности
Конфигурација за само неколку секунди
Конфигурација за само неколку секунди
Со новиот SLIO CPU, I/O системот стана еден од најнапредните децентрализирани контролни системи на пазарот. Со воведувањето на SetCards, може да конфигурирате соодветен CPU за само неколку секунди, со што штедите време и пари! Покрај експанзиона работна меморија, може да селектирате и различни fieldbus конекции.
SLIO уникатниот конфигурациски концепт ги намалува Вашите трошоци, затоа што може да користите помал број на CPU единици за различни функционалности. Достапни се преку 100 различни комбинации кои може брзо да ги активирате со вметнување на соодветна VIPA SetCard. Активирањето трае максимум 10 секунди!
Комуникација преку многу протоколи
Дали Ви треба индустриски контролер кој поддржува комуникација преку различни комуникациски протоколи? SLIO модуларниот контролен систем со конкретен CPU модел може да се опреми со различни интерфејси. Во Европа се користи PROFINET како стандард за комуникација. Во САД контролерите комуницираат преку EtherNet/IP, а во Азија преку EtherCAT.
SLIO може лесно да комуницира преку сите протоколи, единствено треба да го изберете вистинскиот кој е погоден за Вашите потреби. Може да се конектирате со други уреди преку PROFIBUS, PROFINET, или EtherCAT комуникација.
Одлични карактеристики
Компактен CPU со интегрирани I/O канали за помали апликации, а EtherCAT комуникација и поддржана контрола на движење за поголеми апликации. До 128, и PROFINET и EtherCAT уреди, може да се конектираат на PROFINET или EtherCAT контролер.
Достапен е и MPI интерфејс кој може да се прошири со PROFIBUS SLAVE или MASTER уред. SLIO I/O интерфејс модулите се достапни со различни комуникациски протоколи: PROFINET, PROFIBUS, EtherCAT, DeviceNet, CANopen, EtherNet/IP, и Modbus TCP.
Модуларен SLIO за Вашиот систем
Најважни детали на сите SLIO CPU:
- 100% компатибилен со S7 програмски јазик
- програмабилен преку SPEED7 Studio, TIA, Simatic Manager, и WinPLC7
- екстремно брзо време на циклус
- до 64 I/O модули
- докажана SPEED7 технологија
- може да се распореди и без мемориска картичка
Брз развој на апликации
Со модерни функции за контрола на движење, може паметно да ја проширите Вашата модуларна SLIO разноликост во согласност со PLCopen стандардите. Едноставно активирајте ги преку VIPA SetCard, и започнете со проектно инженерство и програмирање. Со SLIO 015N, може брзо да конфигурирате функција за движење од Motion Control библиотека, без претходно специјално знаење.
Предности се поедноставни процеси и помал труд за развој кој нема потреба од специјално програмирање. Вие може лесно да се префрлите на YASKAWA Sigma-5, Sigma-7, A1000, и V1000 драјв системи за виртуелно позиционирање и одредување на ротациона брзина на оска.
Лесна конекција до други EtherCAT уреди преку SPEED 7 Studio. Сега се можни апликации по повеќе оски, преку EtherCAT и новата SLIO Motion Control функција.
Клучни карактеристики:
- еден CPU за стандардни апликации, и за контрола на движење
- целосно интегриран EtherCAT master уред
- докажана SPEED7 технологија за највисок такт сигнал
- EtherCAT за апликации по повеќе оски
- програмабилен со SPEED 7 Studio
- решенија од едно место за контрола на движење
- до 20 контролабилни оски
Брза инсталација и одржување
I/O модулот содржи терминални и електронски модули кои се конектирани со специјален safety механизам за лизгање и заклучување. Терминалниот модул комбинира клеми, влезови за електронски модул, и SLIO конектор. При одржување и поправка, единствено електронскиот модул е брзо заменет со едноставно извлекување од терминалниот модул. Ожичувањето и монтажата на стандардна DIN шина остануваат непроменети, што скратува застои.
Електронскиот модул е директно напојуван, или по потреба и индиректно преку модули. Клемите на терминалниот модул се скалесто наредени.
Со робусни клеми, овозможено е брзо, чисто, и безбедно ожичување. Електронските модули се кодирани што ја намалува веројатноста за грешка при конекција.
Иновативен скалест дизајн со клеми овозможува брза работа без зашрафување. Електрониката е заштитена од спротивен поларитет. 2, 4, и 8-канални модули овозможуваат висока модуларност.
Интегрираните статусни LED индикатори, и user-friendly предни ознаки на електронските модули овозможуваат точно доделување на канали, и јасна и прецизна читливост на статус на канал.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!