M8 индуктивни сензори за близина
M8 серија на Turck индуктивни сензори за близина со феритно јадро Ви нуди неверојатен избор на варијанти и на зголемени прекинувачки растојанија.
Богат избор на индуктивни сензори за близина
Модуларниот дизајн на Turck индуктивни сензори за близина во M8 куќиште Ви нуди богат избор на варијанти и на апликации. Надградбата во технологија со феритно јадро доведе до зголемување на прекинувачко растојание до 50 %. Достапни се варијанти за потполно вградлива монтажа (flush) со проширено 3 mm прекинувачко растојание или со стандардно 2 mm прекинувачко растојание. А сензорите за стандардна монтажа се достапни со 3 mm или со 5 mm прекинувачко растојание. Благодарение на ново развиената електроника за сензори, Turck може да произведува и варијанти со ултра краток 15 mm дизајн.
Модуларен дизајн
Серијата нуди модели со 15, 22, 30, или 40 mm должина. Може да ги конектирате преку M8 или M12 конектори, како и преку уреди со кабелски излез кој може да биде нарачан со 3- или 4-жилни конектори како NO или NO/NC контакти.
Достапни се и други варијанти благодарение на изборот помеѓу потполно вградлива (flush) монтажа и стандардна монтажа, со стандардно или проширено прекинувачко растојание. Пристапот за развој на модуларен дизајн на серија овозможува бескомпромисно да пронајдете оптимален М8 прекинувач за Вашата апликација.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!