Turck индуктивни сензори uprox3

Turck индуктивните сензори од uprox3 серија припаѓаат во групата на factor1 сензори кои имаат исти прекинувачки карактеристики за сите метали на иста далечина. Новата платформа за uprox3 индуктивните сензори кои користат најнови производни- и чип технологии, овозможува нивна инсталација, монтажа, и потполна интеграција во компактни куќишта, на пр. сензори со 4 mm мазен жлеб и M5 дизајн за 1 mm прекинувачка оддалеченост. Претходно најкомпактните M8, M12, и M18 дизајни сега се пократки благодарение на новиот дизајн.

Убедливо најголеми прекинувачки далечини

Иако претходните uprox+ сензори нудеа голема прекинувачка далечина за сите метали, прекинувачката далечина кај најновата uprox серија е зголемена за 50%. Тоа придонесе Turck да ја преземе лидерската позиција на пазарот. Претходно беше недостижна детекција на 3 mm за M8 моделите, на 6 mm за M12 моделите, и на 10 mm за M18 моделите.

Благодарение на континуираниот развој на uprox3 технологијата Turck постигна убедливо најголеми прекинувачки далечини без компромиси во перформансот. uprox3 сензорите сè уште нудат неприкосновена доверливост за сложени задачи на детекција, а притоа дозволуваат комплетно нови инсталации.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Посетете ја нашата B2B продавница

Прилагодени за сложени апликации

Turck индуктивни сензори uprox3

Поради нивниот наследен имунитет на влијанија од магнетно поле, uprox3 сензорите се погодни за најсложени индустриски апликации, како на пр.: заварување во автомобилската индустрија, и обработка на метали. Моделите M8, M12, и М18 се достапни со робусен PTFE слој.

Достапен е и WeldGuard™ слојот отпорен на висока топлина и остатоци при заварување. Како и претходните серии, сите uprox3 сензори нудат висока EMC стабилност, флексибилна монтажа вклучувајќи и потполна интеграција на сензорот во куќиште (flush mount), и прецизни прекинувачки точки.

Кликнете тука за брошура

Неверојатна технологија

Претходно Turck произведувал factor1 индуктивни сензори со PCB слој. Индуктивните сензори детектирале обоени метали на иста далечина како и феромагнетни материјали. Тие многу добро детектирале и на екстремни температурни услови и во апликации со присутна електромагнетна интерференција.

10 години подоцна, воведена е uprox+ технологијата со која намотката е заменета со директен калем на чипот со цел зголемен ефективен сигнал. Новата генерација нуди бенефити како поголеми прекинувачки далечини со претходно нечуен дизајн и опции за монтажа.

uprox3 сензори разни апликации

Бенефити од uprox3

uprox3 е нова развојна пресвртница. Новата Turck технологија успеа да ги зголеми прекинувачките далечини до 50%. Основниот работен принцип на uprox сензорот е задржан како што беше докажано и во милиони апликации.

Модифицираната архитектура на електроника и употребата на најнова производна и чип технологија овозможија третата генерација на uprox сензори да постигне најголеми прекинувачки далечини од сите индуктивни сензори на пазарот, вклучувајќи ги и factor1 сензорите. Тука погледнете  корисна статија за uprox технологија.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Inductive sensors Uprox3 Turck

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news