Turck инклинометарот со IO-Link гарантира доверливи мерни резултати дури и за
контролни кола кај движечки или вибрирачки машини. Лесна монтажа, висока достапност, и зголемена продуктивност по намалена цена!Сензор за high-speed апликации
Во новата генерација на инклинометри, Turck комбинира акселерометар (MEMS) со жироскоп, за поефективно маскирани шокови и вибрации во споредба со традиционални филтри за сигнал. Инклинометрите со една- или две оски овозможуваат претходно непознат степен на динамички мерења за употреба во high-speed контролни кола кај движечки и вибрирачки машини.
IO-Link за побрз излезен сигнал и додатни информации
Робусните IP68/69K сензори го праќаат нивниот сигнал преку IO-Link COM3, најнова и најбрза верзија на дигитален интерфејс. IO-Link овозможува и уредот да биде лесно адаптиран на барањата на апликација како на пр. нула конфигурација.
Додатни информации како на пр. работни часови на сензорот или негова амбиентална температура може да бидат испратени за апликации со следење на состојба.
LED за поедноставно пуштање во работа
“spirit level” функција која треба да биде патентирана ја олеснува инсталацијата на уредот. LED се користи за индикација на хоризонтална позиција на сензорот. Ова гарантира доверлива инсталација без грешка без додатоци пред да биде целосно сетиран со IO-Link master уред. Проѕирната пластика на LED светилката елиминира потенцијални слаби точки во куќиштето.
Уредот може да се користи и за апликации за позиционирање и балансирање или за следење на роботска рака во текстилна индустрија или за пакување. Turck иницијално нуди 4 варијанти на пазарот: за динамички апликации со B1NF по една оска и B2NF по две оски, и B1N и B2N за статички апликации.
Бенефити
- лесна монтажа поради spirit level функција
- висока достапност поради отпорност на шок до 200g и IP69K класа на заштита
- подобра продуктивност поради динамички сигнал за инклинација кој овозможува поголема брзина на циклус
- намалени трошоци поради непотребни оклопени аналогни кабли
Индустрии
- автомобилска индустрија
- механизација
- логистика
- текстилна
- за принтање
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!