UniStream PLC контролер
UniStream програмабилен контролер е резултат на долгогодишна работа, искуство, и истражување во областа на автоматиката. Клучна предност е неговиот интегриран дизајн. Голем колор екран на допир и моќна процесирачка единица се интегрирани во овој all-in-one уред.
Контролер со multi-touch HMI дисплеј
Unitronics ја прошири нивната UniStream серија со повеќенаменски контролер со 10.4″ multi-touch HMI дисплеј.
Неговиот multi-touch дисплеј овозможува гестикулации до 5 точки по контакт кои се добро познати од светот на мобилни телефони и таблети. Функциите Pinch & Zoom, Press & Hold, Double-Tap, Swipe, итн. го подобруваат корисничкото искуство.
Предности на PLC контролер
Клучни предности на UniStream all-in-one PLC контролерот се неговиот интегриран дизајн кој комбинира висококвалитетен HMI дисплеј со различни димензии и моќен процесор. Процесорот поддржува до 2048 I/O точки. Бројот и типот на сигнали зависи од изборот на софистицирани I/O модули.
Овој контролер со најпризнаени индустриски комуникациски стандарди има конкурентна цена. PLC контролерот поддржува ModBus (сериски/Ethernet), Ethernet IP, TCP/IP, FTP, serial, UniCAN.
До 50% скратено време за развој
UniLogic софтверот е бесплатен софтвер базиран на едноставен и транспарентен кориснички интерфејс кој ќе Ви заштеди време за развој. Напредните карактеристики Ви овозможуваат да креирате програма и да дизајнирате HMI екран во еден прозорец. Едноставна конфигурација и комуникација.
Програмирајте преку структури кои Ви дозволуваат да вклучите одредени параметри во одредени делови. Може да користите и функциски блокови кои се креираат еднаш, а се користат секогаш во нови програми.
Екстремно моќен PLC контролер
Аудио, видео, или pdf фајлови може да користите наместо класични текстуални инструкции. Тоа го олеснува дизајнирањето на HMI дисплејот. Data Sampler се користи за меморија и обработка на податоци во контролерот.
Потоа податоците може да бидат уредувани, изнесени, пратени преку е-пошта, или пренесени до стандардна SD картичка. Апликацијата Remote Access Ви дозволува да го поврзете контролерот преку EtherNet, USB, или VNC до мобилен телефон, компјутер, или таблет.
Subscribe to our newsletter!